Who the Fuck is Hodja?

Who the Fuck is Hodja?

Не ми е јасно од каде толкаво количество згражавање и изненаџење од поставувањето на некој-си-тамо командант за советник на Зоран Заев?!

Мислам, што не е јасно тука? Ги прашувам оние што го гласале Заев а и оние што не го симпатишат. Заев тоа у Швицарска го вети, а еве и го оствари.

Се изнапишале партиските “патриоти“, бившите политичари (Милошоски), портпароли (Бичиклиски), фејсбукчии, измислени и реални ФБ профили. Критикуваат, се потсмеваат…

Но, единствен кој напиша релевантен, прав и чесен пост е Димитар Почевски, на ФБ присатен како Dimitar Skopje Pochevski. Тој е во некоја кумовска врска со Јанко Бурек, исто така е во пријателско и моторџиско другарство со Борис Дамовски, а е и во комшиско (од старо мало) и кафанџиско познанство со мене. Скопјанец со големо “С“, непартиски, неоптеретен, невработен “уличар“.

Тој пред 20 саата напиша: …“Ние главниот им командант го имаме 17 годино во собрание, вториот по команда едните го ставија министер за одбрана другите Претседател на собрание, па сега за овој ли е проблем ?!?“…

И, Диме е апсолутно во право.

Оти, има ли и која е разликата помеѓу Команант Форина (сегашен криминално избран Претседател на Собранието) и Командант Хоџа кој од вчера е саветник – безбедњак?

Мене ми нема разлика? Двајцата се воени злосторници, двајцата се за доживотна робија, двајцата пукаа на Македонците, двајцата мачеа и убиваа наши војници и полицајци, двајцата имаат направено злосторства против човештвото, двајацата ја понижуваа македонската војска и полиција, двајцата се амнестирани и двајцата се сега битни политичари. Разлика, значи, нема.

И што сега толку збуњола, кога дел од актерите што се сега супер гласни, беа “колеги“ министри со Талат во иста Влада. Зошто ваква запрепастеност, кога сеуште се живи, здрав и активни политичарите што во Собранието на РМ го изгласаа законот за амнестија на шиптарските убијци и ѕверови? Да прашам, за тој чин на такво гласање имаше ли политичка одговорност од било кого? Колку што се сеќавам, ниту една партија во изборните програми немаше дел каде вети амнестија на воените злосторници?  Ниту еден тогашен лидер на било која Македонска партија не вети амнестија. Нели? Овој, Заев, барем однапред си кажа што ќе прави. Што никој здраворазумски човек не му веруваше дека такво злосторство против сопствениот народ ќе учини, е наш проблем, не негов.

Кој е тука виновен што со “Мајскиот договор“ од граѓанска држава станавме територија со племиња и племенски воџи што надвор од парламентот се договараат што ќе чинат? Ако може Али Ахмети, неизлечив пациент од психијатриска установа во Швајцарија, да му диктира на секој премиер од 2001-ва наваму, што па да не може сељакот од некоја вукојебина да биде советник?

Се додека јавно не се открие кој беа тастерите од армијата и МВР што ги издаваа на шиптарските воени злосторници местоположбите и движењето на армијата и војската кога паѓаа во смртоносни акции…, се додека јавно не им се суди (и постхумно, секако) на политичарите што потпишаа Охридска капитулација (Трајковски, Георгиевски, Црвенковски, Бучковски)…, се додека не се открие причината и причинителите на несупехот на референдумот за територијална распределба…, се додека не се вратат пред правосудните органни 4-те “Хашки случаи“ за да им се суди на починителите на злосторствата против човештвото, се додека не се процесуираат “преговарачите“ од Пржино, гласачите од 27-ми април лани, убијците и нарачателите од Смилковско…, се додека не се откријата гнасните закани од американските и други странски амбасадори врз Груевски и Иванов – се дотогаш, дали бил или не бил некој Хоџа на државна цицка е небитно. “Пепрутка“ е тоа како што би рекла Мирка, пепрутка што сака да ни го оттргне вниманието од главниот проблем и главната борба што си ја имаме пред нас.

Who the fuck is Hodja?

 

 

Миленко Неделковски

08.05.2018

Скопје