Во ова предвечерје на претседателските и вонредни локални избори, кога се некој си помисли дека може да е автор, аналитичар, пишувач, новинар, коментатор, опиниенмејкер, инфлуенсер… И во овие денови и години кога се некои шајшутки аплицираат (се пријавуваат) и добиваат награди за новинарство, за заслуги, за идими-доџими, за 13-ти ноември или 2-ри февруари, на од задникот извадени и измислени асоцијации… И, кога сето тоа е за “истражувачко новинарство“ базирано само и исклучиво од полуинформации и лажни сплетки што “новинарот“ ги добива(л) од Павле Трајанов, Томислав Чокресвки, Сиљан Аврамовски, Слободан Богоевски, Лазе Китановски, Љубомир Данаилов, Зоран Верушевски, Сашо Мијалков, Синиша Алексовски…
Во ова предвечерје, каде доминираат клевети, навреди, измислици, подметнувања, етикетирања, сплеткарења и неталентирани медиокритети – решив на наједносавен начин, нагледно, чисто, прецизно и јасно да ја представам разликата помеѓу себе и останатите. Одма да се оградам дека во останатите не го ставам Нонковиќ, Велиновска и Јаневски…
На едноставен начин да им покажам на читателите, загрижените политичари, јавноста, ботовите, ботовите со матичен број и хејтерите зошто народт кај мене чита и на читаното верува, а на друго место не. Зошто овдека се десетици и десетици илјади луѓе, а коај другите не.
Како и во времето на мојата спортско коментаторска кариера, така и сега, мене Македонскиот (Балкан) полуостров ми е мала територија. Европа од исток (Русија) до запад (Франција) и од север (Норвешка) до југ (Италија) е просторот каде мои текстови се објавуваат, пласираат и пренесуваат. Од Сирија на Блискиот исток до САД на другата страна од Атлантикот. И тоа во најеминентните, највлијателни и најинтелектуални политички сајтови, блогови и страници.
Ако имате желба и интерес, еве ви дел од линковите да прочитате. Ако не, еве ви фотки да се уверите.
Да заклучам. Како и во фудбалот, на пример, така и во новинарството и пишувањето има ниво на натпреварување. Разликата помеѓу Барселона и БСК од Брњарци во фудбалот е сосема јасна. Ама и во новинарството е така.
Што се однесува до нивото на завидл‘кот и длабочината на злонамерноста, оставам на Бога да пресуди и казни.
https://emmaolivetz.wordpress.com/2019/02/06/the-exile-in-the-balkans-of-mohammed-dahlan/ https://www.stateofglobe.com/the-exile-in-the-balkans-of-mohammed-dahlan-by-milenko-nedelskovski/sample-post/voltaire-net/ https://www.voltairenet.org/article203403.html https://www.voltairenet.org/article180422.html https://www.voltairenet.org/article204991.html https://www.geopolitica.ru/en/article/true-prince-emirates-american http://www.minareport.com/2019/03/22/ubs-russian-roulette-game-in-france/ https://www.voltairenet.org/article203399.html https://pandoratv.it/?s=Milenko https://www.in4s.net/nedelkovski-za-in4s-bojkot-odgovor-na-lazni-referendum-u-makedoniji/ https://www.in4s.net/nedelkovski-makedonska-naci-vlada-video/ Поздрав од Nyon во Швајцарија, Миленко Неделковски новинариште 18.04.19