Во многу сегменти од животот “западната цивилизација“, која нели ни е “единствениот избор“, формулата за успех која ја користи се “белите коси“.
Во политиката, во банкарскиот бизнис, во спортот… Во новинарството.
Во САД, кон чие пријателство и стратешоко партнерство сме намерачени, уредништвото во новинарството е детерминирано со “белите коси“.
“Белите коси“ е едноставна асоцијација за искуство, минат труд, знаење, фундамент… За луѓе што прошле сито и решето, што биле паднати долу, па се искачиле нагре. Што минале многу премрежја.
Кај нас, иако нели ние про-западно тоа-оноа, оваа стратегија ја нема. Не им одговара на владателите.
Еве, во најновава црпната Влада на Р. Македонија.
Куп луѓе работат таму што во животот не поделиле ниту една плата, ниту еднаш. Луѓе што не знаат што е притисок на први да се исплатат плати, да се платат придонеси, сметки… Не сметајки ги Заев и Анѓушев, сето друго нема апсолутно никаков однос кон тие базични одговорности. Тие или биле со високи кирии и бомбона бизниси како Шекеринска. Или биле со сорос-усаид грантови што им обезедели кротка и спокојна, ама финансиски богата и комотна живеачка: Алаѓозовски, Тевдовски, Сра, Коко Бојаровски, Забрчанец…
И сега тие такви кои не знаат што е бруто а што нето (Тевдовски), што не знаат од каде е Чернодрински (Алаѓозовски), што изјавуваа дека партија и партиско вработување, дури и за “5 милиони по човек“, не го интересира (Бубо Каров) – тие ќе управуваат со нашите животи. Ќе кажуваат што е добро, а што не. Што чини а што не чини
Па така, по усталена традиција, повторно сме во ситуација да на “малиот“ прво вработување му е да си биде Министер.
После таков “кастинг“, не е далеку “стратегијата“ дека од анонимуси, неталентирани – ама послушни и исполнителни, ќе можеш да створиш нова Мирка, нов Миленко, нов Петре Темелковски, нов Сенко Велинов….
Значи, ем ти треба некој добар, ама тој добар мора да биде и послушен.
И оп, политичкиот естаблишменти се обдуваат да направат вештачки министерски, раководни, јавни или новинарски фигури. А во осонова создаваат само кратковечни Франкештајни.
За жал, имаме лоша вест. Државата, повторно, е дадена во рацете на зелени, ископлексирани, неостварени и неопитни луѓе. Тие без безбедносна култура, без изкуство во реалниот живот и бизнис, ама со амбиција да си ги лечат комплексите од детството, фрустрациите од младоста, неостварените сексуални мечти од “milf“ животната фаза, ќе владеат во следните неколку години. Според искусниот, про-македонски настроен, австриски дипломат Харал Кочи (интервју дадено во мај за мојата емисија) тие “следни години“ ќе се подолг период. Подолг од еден нормален мандат.
Како што фино се изразува Џес Бејли во своето секојдневно опкружување: Нема ништо подобро за управување со една држава од уценета позиција и уценета опозиција во исто време.