Стефан Влахов Мицов

НА КОГО МУ Е ПОТРЕБЕН ТАКОВ НЕНОРМАЛЕН СВЕТ ?

Моментално во ООН има 193 членки. Формално тие се водат како „независни држави“ Но реално тоа се држави од кои „ништо не зависи“, држави потчинети на Светската влада во сенка. Исклучоците се бројат на прстите на едната рака. Притоа и тие исклучоци СЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ кон таа Светска влада. Доволна беше таканаречената пандемија со Ковид-от и тие автоматски се приклучија кон наредбите на таа влада да ги ЗАТВОРААТ своите народи

Аморфна маса

Во 1978 г. во разговор со генералот Темпо, на неговите прашања „Што не е во ред со Југославија?“ и „Што не е во ред со партијата?“, Тито му одговара: „Ја нема веќе Југославија“ и „Ја нема веќе партијата“. Ако го парафразираме Тито, можеме да кажеме дека повеќе години не постои македонска држава и македонски народ во нормалната смисла на зборот. И во контекст на милениумските македонски традиции. СКОРО ТРИ ДЕЦЕНИИ