TЕЛЕВИЗИИ

TЕЛЕВИЗИИ

За момент, само за момент, да ви го оттргнам вниманието од ќеима или не избори на 24-ти?!

Имено, дали некој би можел да каже што стана со сите можни “телевизии“ што ќе се отвореа и ќе растураа со програма, гости, техника, водители, новинари…?

1. Нели Ацо Кабранов “утре“ (тоа е пред три години) ќе отвараше телевизија А3 (А Три)?

2. Нели нешто Трифун Костовски ќе ја купуваше “Амазон“ телевизијата за да ја работат Зоки Фаци, Кабранов и оној муштеријата на Сарма?

3. Нели бе, не бидна “Амазон“, ама ќе била интернет телевизија со јавувања, стеди кеми, 10 гости, вклучувања по скајп???

4. Контравести нели ќе растураа? Дури и Чарлс Гарет кажа дека на МАКЕДОНЦИТЕ  им недостасувала сатира?! Толку ли беше? Само ШЕСТ емисии сатира ја поправи сликата за тоа што ни “ недостасувало“?! НАјави, Јутјуб канали, уредници купишта како Борјан, Секуловска, Саки Кировски…

5. Нели Ирена Ристиќ била талентрана, голема глумица, забављач, ќе привлекла гледаност? Нели на Јутјуб гледаноста била голема? Ама со помош на финтата од Уругвај и Аргентина?!

6. Топ тема нели за 6 месеци ќе ги “јадела“ сите? Имаат сега реклама дека досега имале толку стотици гости, толку-и-толку емисии… Па Јанко Бурек да ги изброи гостите што ги имал, ќе е бројка равна на профитот што Андреја Јосифовски го направи од уништувањето на Макпетрол.

7. Нели Чизмарот бараше трпение од една година, и после со тимот на Велија ќе растурал во гледаност?

8. Што е ова рејтинзи од 2%. Во рамки на статистичка грешка?

 

И, настрана од ова погоре, а сепак телевизиски муабет:

“Големите“ коментатори од ергелата на Велија му се исмеваа на Трпе од Сител како коментра! Па тој за нив е Младен Делиќ.

Што е ова од Полска коментирањево:

“Е што убаво ќе беше оваа топка да не одеше во аут ами да се одбиеше до еден наш, па да имавме контра, па да дадевме гол“!!

“Сега имаме напад да изедначиме, па да поведеме… Ама не во овој напад (примаме гол во меѓувреме)“.

“Малку среќа да имавме (во меѓувреме со играч помалку примаме три гола во 2 минути)“.

“Ги сопревме бековите на Полска, постигнаа само три гола во прво полувреме“?! (Ама утакмицата има две полувремиња, во второ беквите не растурија).

Па деца ли сте вие од спортска на МТВ?! Во бизнис со желби ли сте? Или во бизнис со реално и стручно пренесување на настаните?