Бидејки, нели, повторувањето е мајка на знаењето, еве да повторам што сум напишал во два наврати, а што е моментно актуелно:
Во колумната од 4-ти Октомври под наслов “Кога не си апсел, ќе те апсат“, меѓу другото во заглавјето наречено “После избори“ пишувам:
“За да нема чудење во медиумите после локалниве избори, со време адаптирајте се на она што ќе следи!!! Симнување, расшрафување и топење на споменици. Прв на листата е Ќосето. Топење на воштените фигури и пренамена на објектот на Музејот на Револуцијата. Одземање и пренамена на зградата на ВМРО ДПМНЕ (Вајт хаус). Апсење на комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ кое е процесуирано од СЈО. Промена на името. Промена во учебниците, каде од Македонија нема да има ниту “М“. Педеризација на целото општество. Поделба на ВМРО ДПМНЕ на најмалку два (ако не и три-четири) опречни субјекти“.
Ете, црно на бело. Само некој требал да чита.
Потоа, во колумната од пред некој ден пишувам дека “како и стотина-и-кусур гoдини наназад, единствен анкер за Македонскиот народ е ВМРО“. А предлагам и единствена добитна стратегија со зборовите: “на Дреново да се блокира патот од страна на Митко Кожувчанка. Тракторите да ги извади Борче Петровец под надвозникот што води за Коњари, а Жика Илинден да блокира кај Белви. Во Скопје да бидат блокирани мостовите Гоце Делчев, Обединети нации, Близнак и оној кај Транспортен. Активистите од Демир Капија да го блокираат тунелот, а оние од Гевгелија и Куманово граничните премини“.
Тоа е мојот предлог, оти “дојди-оди“ собири нема да ја притиснат оваа фашистичка власт да падне. (Значи, прецизна ми е дефиницијата, не “да попушти“, ами “да падне“).
Во колумната прецизирам зошто предлагам ваква “тотална блокада“ стратегија, со зборовите: “Со така блокирана држава, ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски на голема врата и со полн капацитет, значи најмалку рамноправно ако не и со предност од три-од-карти, ќе седнат на преговарачки стол“.
Па така бидејки Repetitio est mater studiorum а бидејки и historia vitae magistra (Historia est Magistra Vitae), вреди и да се чита и да се повторува.
М. Неделковски