Пред само два дена, во својата колумна со наслов “ВМРО ПИШМАНАЏИСКА“ напишав: “Па затоа, еве како израз на моја добра воља, а во интерес на освествање на партијата и пред се освестување на грогираниот Мицкоски (а уште е првата минута од првата рунда на мечот), уште еднаш да го замолам да си го распушти PR тимот и да се ослободи од потпредседателите што му нанесуваат штета, зло…“, но како што продолжува тој и неговата партија, можам да заклучам дека има една заедничка особина со неговиот партиски предходник Никола Груевски – инаетчиството. Инаетот (не сакањето да се чуе друг, да се профати инаква идеа…) го отера Никола Груевски во провалија. Инаетот ќе го отера Христјана Мицковски кон изборен фијаско на следните избори.
Уште еднаш, добронамерно, Христијан Мицковски мора да разбере дека не е ниту најумниот, ниту наjспособниот, ниту најдокажаниот, ниту најитриот – туку е само избраниот од страна на Никола Груевски на непотребен и нестатутарен конгрес во Валандово.
Па така, не може да ни продава за успех тоа што неговиот Данев ќе изјави “Во тек е изработка на документот со кој ќе се поднесе интерпелација“. Дајте престанете да го сметате народот за глуп а новинарите за ваши проститутки. Каков документ, какви бакрачи?! Каква интерпелација? Таква каде што однапред се знае дека нема да ви пројде а со самото тоа ќе го легитимирате Заев за следнитите 12-тина месеци? Па до толку ли, мајку му, сакате да ја уништите оваа партија?!
Господине Мицкоски, вашата вчерашна изјава дека “Наш политички противник е СДСМ и оваа катастрофална влада, секој кој го дели овој впечаток е добредојден“ е погрешен и невистинит таргет. Прво, вие сте партија која брка број на гласачи потребен за да се победи. Зачи, вие сте тие што треба да одите по гласачите, да го прибирате “секој кој го дели овој впечаток“, а не тие да ви приаѓаат вам. Обратен е правецот на комуникација. Вие сте тие што молите за гласчи, не се гласачите тие што молат за партија. И второ, ваш “политички противник“ е ненапарвената внатрепартиска реформа. Таа реформа која го погреба Никола Груевски оти не ја направи. Таа реформа која Вие во Валандово ја најавивте, а гледаме ја нема никаде. Таа реформа која реформистите ја најавија, а кога газињата им осетија кожена фотеља а курињата секретарка пред врата, заборавија на се со што се пенавеа под покровителство и диригентска палка на Џабир Дерала. Камо, ти како “лидериште“ (како што си наредил преку Центарот да те хвалоспеваат), да дозволиш партиските раководства од базата до врвот, базата (членството) да ги бира? Или си се сметаш за најумен и безгрешен?!
Уште вчера околу пладне, преку заеднчки познаници Ве алармирав дека изјавата на членот на вашиот ИК Орце Ѓорѓиевски, напишана од Иво Котевски а прочитана идиотски на идиот камера е продолжување на владеењето на моронштина (доаѓа од зборот морон) во PR службата на Вашата партија. Моронштина која Ви донесува само понатамошно губење на кредибилитет, симпатии, гласачи…
Накратко. За изјавата на ова момче напишана од поранешен висок полициски функционер.
Во таа изјава, со која тој ист ваш член на ИК дури и се фали на ФБ (демек види како го растурив Филипа) наместо да се срами и покрие, е слеана целата вистина за сегашното функционирање на ВМРО ДПМНЕ! Односно дека е тоа одродено од народот, недемократско, под туторство на странски фактор и лузерско.
Во изјавата се вели “како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, добро знаете дека е партија со огромен демократски капацитет“, да веднаш потоа следи надополнување со збровите “Во моментот на донесување на партиски став ние сме конзинстентни по тој став и немаме други мислења околу тоа“!!! Нема други мислења? Па која диктаторска и недемократска групировка сте вие? Сите исто да мислат? Па што сте вие? Комунистичка партија? Кој е авторот на овој текст, Берија?
Натаму, изјавата вели “најавата за фракционерство, во нашиот статут нема предвидено такво нешто“. И дополнува “И во рамките по статутот досегашен но и во рамките по статутот кој што е во до изработка од страна на експерти од нашата партија“!!! Кој морони, ако е ова вистина, се Вашите експерти? Кој морон е овој што ова го напишал. Добар е примерот што во дискусија за вој абдаллук (доаѓа од зборот абдал) со еден мој ценет колега излезе на површина апсурден пример во врска со аргументот “го нема во статутот“, дека во статутот нема и дека партијата е против сексуално злоставување на мали деца. Па тоа не значи дека е за таква перверзија и педофилија.
И последно, Демократска Десница на Филип Петровски се претопи во ВМРО ДПМНЕ пред 6 години и еден месец. ДД престана да постои, сите минаа во ВМРО ДПМНЕ. Еве, прашај те го Даштевски, на пример. Па така “аргуметот“ на Орце-Иво настапот е моронштина на куб.
Господине Мицкоски, вакво лупетање ко “Максим по дивизии“ не ви носи ништо арно. Што сакате сега да покажете, дека долгогодишниот заменик генерален директор на Лотарија, а филозоф по образование, бил од Демократска Десница, а не од ВМРО ДПМНЕ? Што бе, навистина сакате да покажате? Дека долгогодишниот шеф на Никола Србов, директорот на Архивот бил од Демократска децница?
Еве, овој на видеово, минатото зимо од кого беше викнат и во која партија беше член?
За крај, повторно добронамерно. Успехот на ВМРО ДПМНЕ и падот на СДСМ многу повеќе го сакаат и на таа аѓенда работат луѓе кој со Вас не се согласуваат и ве критикуваат и кои Вие и тие околу Вас ги сметате за непријатели, отколку вашите подопашници. Пријатели се тие што вистината ја кажуваат во очи, јавно и не се кријат и оговараат по кулоари. Никола Груевски погина (политички) од евет ефендии околу себе кои успеаа да го киднапираат и изолираат од реалноста пренесувајки му прикаски овој те мрази, види оној што напиша, оној кажа и слично. До таа мера беше киднапиран од неколку луѓе да не успеа до него да дојде гласот на градоначалниците, бившите градоначалници, општински партиски функционери, обични членови, новинари, професори, добронамерници…
Јасно е дека Вие не победивте во Валандово, ами Никола Груевски ве устоличи. Но, тоа не значи дека морате во целост да ја копирате неговата self destructive политика.
Ако сакате победа на следните парламентарни избори (некако не се осмелувате да барате БРЗИ ВОНРЕДНИ парламентарни), ќе морате да погледнете пошироко и поискрено кон алатките со кои можете да добиете избори. Со овој PR, со ваква моронштина од изјави, прес конфернции со идиот камери, видео обраќања и читања од лист А4 формат – математички прециозно можам од сега да ви кажам дека Зоран Заев ќе Ве прегази.
Зошто?
Затоа што:
- Од гласачите Македонци се откажавте.
- Заев секогаш ќе исполни повеќе од Вие што ќе ветите. И е веќе докажан во исполнувањето на се што му е побарано.
- Албанците никогаш, без разлика колку Илија Димовски и слични ќе зборуваат на албански, нема да гласаат за ВМРО ДПМНЕ.
Значи, вас Ви треба Македонска агенда, која во овој момент апсолутно ја немате. Флоскулата “ВМРО ДПМНЕ се грижи за националните интереси“ не значи апсолутно ништо во ситуација кога прифаќате и легитимирате двојазичност, договор со Бугарија, рушење на Ќосето, процесуирање на патриотите, и крајно, како што покажуваат сите индикации, МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО.
Миленко Неделковски
Скопје 04.04.2018