On a way to St. Lucia

On a way to St. Lucia

Долгогодишните предупредувања, што во јавноста ги форсираа ликови како Велиновска, јас, Јаневски, Паволовиќ и редица други јавни личности, за погубната ситуација доколку дојде (се врати) на власт во Македонија СДС, еве веќе 2 години (а особено од мај наваму) “во живо“  не само што ја гледаме, ами и дебело jа чуствуваме на сопствена кожа и на судбината на секоја фамилија поединечно.

Нема плата за секој од минимум 500 евра! Нема поврат на ДДВ за секое семејство, ами спротивно секој поединец ќе плаќа ДДВ. Нема ставено цигла на цигла, а за 7 месци има потрошено ЕДНА  милијарда евра. Нема поевтина струја, ами спротивно поскапа. Нафтата од 45 денари за 7-8 месеци стана 60 денари за литро. Нема ништо од лажгите на Павле Богоевски  слична педераана дека двојазичноста била само во главата на Груевски. Нема ништо од субвенциите за земјоделците. Ништо нема од се што ветија.

А има: апсење на невин народ. Пуштање од затвор на превеани криминалци. Нерасчистени убијства/ликвидации. Продавање на државен имот, продавање државни интереси и национални вредности. Има слушање, и тоа непоговорно и поданички, на сатрап и фашист од тврдината на Кале. Има апсолутна медиумска блокада и забрана на се што е слободен говор и мисла.

За жал, во оваа слика што интелектуалците, текстописците, колумнистите ја предвидоа се додаде и сликата на апсолутна импотентност на сегашната опозициона, а поранешната владеачка партија.

Па така, добивме состојба каде секојдневно, за секоја нормална опозиција во светот има win-win ситуација, а тоа нашта опозиција ниту ја користи ниту ја ефектуира. Било каде во светот, на било која држава или народ јавно и транспарентно да му се мени името, историјата и да му се погребува јазикот – опозицијата би експлодирала, разбирајки дека се сега нивните 5 минути за да се вратат во кабинетите од каде “странските служби“ ги набркале. Да замислиме да им се смени името на Ирците, Баските, Аргентинците, Канаѓаните, Малтежаните… Замислите “заедничка“ да биде направена историјата помеѓу Финска и Русија, или помеѓу Полска и Русија, или помеѓу Јапонија и Кина, или Мексико и САД??? Замислете си само што таму ќе направеше опозицијата?! А овдека – едно големо ништо.

Сепак, ова погоре ми е само вовед, подолг додуша, ама вовед.

Текстов ми е еден прашалник, едно размислување во текот на прелетување од аеродром на аеродром до мојата финална дестинација до Санта Лучиа (таму е родното место на Дејв Марфи, па сум поканет да му бидам гост), како се чуствуваат, односно како си се правдаат пред себе сите оние паблик опиниан мејкери што толку здушно сакаа, и го соборија Груевски?! Како се чуствуваат, или како си се самооправдуваат за тие свои акции, ветувања и ЛАЖЕЊА сите “шарени“ револуционери, невладини активисти, загрижени граѓани, новинари, колумнисти

И, не мислам како го оправдуваат велепредавството на Заев, оти нели секогаш постои опцијата за изјава како на Павле Богоевски дека за законот за јазици не е во се согласен, ама пак би го гласал. Велам, не за тоа. Ами за трансформацијата на тие луѓе, еве на Коко Бојаровски или Цацко Бубо Каров, од “независни“ интелектуалци, “самосвесни“ новинари и борци против државна бирократија – во, токму тоа против што се бореа. Како се гледаат наутро во огледало кога заминуваат на чиновничката должност и радост дека ќе сркнат чорбичка за пеевче?!

Како им се чини сега, гледајки ги фотките со перформасот со старите чевли пред владата, кога и математички и фактички е јасно дека ниту имало 600.000 исселени, ниту не 600 илијади, не 60 илјади, ами ни 6 илјади нема да се вратат заради тоа што Забрчанец или Амон Сра или Ѓунер ќе сркаат чорбичка за пеевче.

Мене ми се чинат јадни и бедни. Ете, на пример, Ризаов си отвори свој бесплатен весник, ама нема тема која ќе анализира што тоа со новава власт со која, нели, дојде нов живот, се оствари од ветеното и се подобри од времето на режимот? Нема ниту колумна од Кире Наумов да објасни како тоа е лошо да се потрошат 600 милиони во тек на 6 години на разубавено Скопје во чии “стиропорни“ градби сега е кабинетот на истиот Наумов, а не е лошо да се потрошат една милијарда евра за 8 месеци (повеќе од 100 милиони месечно), при тоа никој да не измеша ниту една количка малтер?!

Ете, најгласните“медицински“ новинари и нивните  медиуми (Менче Точи и сл.) ништо за скапиов Мерцедес и несреќната Тамара не пишуваат! Го шитнаа ли Мерцедесот, ги излекуваа ли другите “тамари“, имаше ли атентат над Таравари или Филипче?

Да, де! И што бидна со загадувањето? Блесна ли сонце над Скопје, Тетово, Битола? Видовме ли сино небо?

И единствениот весник што се продава за пари, Слободен Печат, преку својот глодур, никако да обработи тема како тоа Анѓушев си ги шитка своите фирми на грчки компании и дали е тоа судир на интереси. Еве, да замислиме насловна страна на тој весник, ако Сашо Мијалков ги продадеше своите хотели или своите бензински пумпи на грци? Се обидувам да најдам и текст од Сашо Орданоски за, на пример, странското мешање во внатрешните работи на Македонија! Бидејки, нели, имало руско мешање преку руска салата за нова година и преку кадарот на Самсоненко Раул Гонзалес. Па ме интересира дали е странско мешање полното работно време на службениците на американската амбасада во просториите на кривичен и апелационен суд (во канцелариите на судиите)?

Овие погоре наброени, а и стотина други, се со тажни животни судбини, да мора цело време да си смислуваат самооправдување, оправдување пред своите синови и ќерки (ко Чедо Саздов), да глумат “ја нисам из одавде“. да си се тешат.

Но, утеха нема. Историјата ќе ги забележи како Коте од Руља, како Лазар Мојсов, Панта Марина и Коле Чашуле, како на Саки дедо му, како на Борјан татко му и дедо му, како Милчин и Перо Арсовски сатрапите што го кодошеа Ристо Шишков, како Велимир Прелиќ, како брат му на Ќосето…

Да сум на нивно место, а не сум и никако не би сакал да сум, би си мислил што во иднината за нив самите и нивните поколенија? Оти ова вака вечно нема да биде. Најпроста дијалектика е тоа.

 

Со надеж дека ќе се сретнам со Флавио и Елизбета Грегорачи,

 

Миленко Неделковски

 

21.01.2018