Оф нет на Трендо, конечно се одвои од дилемите што ги поставив во врска со светската битка помеѓу креационистите и еволуционистите.
Значи, влегувајки во тематиката спорт, направиле убав прилог во врска со прославата на 30-годишнината на навивачката група Комити. Линкот од Оф Нет го имате подолу.
Ја користам можноста на голтачите на Бејлиевата сперма од типот на Жаре, но и на новосоздадените спортски новинари и политички аналитичари, таза родените сограѓани и слични да им предочам дека историјата и настаните не започнуваат со нив (со нас), ниту пак со нив (нас) ќе завршат.
Пред 30 години ниту еден сегашен активен млад Комита не бил роден. Но, тогаш Комитите, и без нив ја започнаа својата историја. И тоа не како пандан на Чкембарте, ами како контра на Циганите, Гробарите, Торцидата и БББ.
Најголемиот дел од сегашните актуелни политичари тогаш биле 10 годишни детенца (Артан Груби е роден 1977-ма). Груевски не бил полнолетен, Тевдовски бил мрсулко од 11 години, Илија Димовски имал 7 годинки, Диме Спасов и Саша Богдановиќ уште биле во памперси оти имале по 2 годинки, Петре Шилегов во тие денови станувал полнолетен, а Стефан Богоев сеуште се движел на релација од десното во левото маде на татко му. Не бил, значи, ниту роден.
Александар Николовски имал 3 годинки, Влатко Ѓорчев 9, Бранимир Јованвиќ бил 5-годишно забаваче, Боки 13 само што се родил на радост на вујко му Саше Фучка, Бетмен имал една годинка, а на Ивана Туфегџиќ и требале уште 6 години за да се роди.
Но, без разлика на нивната неполнолетност, бебештво или нероденост – во Македонија си имало патриоти, националисти, активисти и македонци до коска.
Во годината на формирањето на Комитите јас бев суспендиран од прогрмата на РТС (Радио Телевизија Скопје), која беше дел од ЈРТ, заради МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ. Имено, во ТВ преносите цврсто ја држев страната на ФК Вардар а против Црвена Ѕвезда од Белград. Тогаш србомаништата, баш како сега бугарофилите, жестоко ми се нафрлија. Но, јас си издржав и до ден денешен сум со истото име на усните – Македонија. Со истата мисла во главата – Македонија. Со истата болка во душата – Македонија. Во мојот случај, 30 години се е исто. Иста мисла, исто име, иста болка.
Јас знам дека на превртачите им е ова страно, ама што да правиме. Чудно им е на тие што својот став го менуваат секој божји ден, што за да го дознаат својот својот став наутро одат во Владата или партиските штабови, што денес се големи македонци а веќе утре го поддржуваат Прибе, Пржино, Моне… Што менуваат партии ко чорапи (па и почесто).
Јас исто така знам дека бенефициите (кабинет, секретарица, ауто, шофер, компани кард, бодигард…) ги менуваат луѓето и нивните перцепции, но ете има и “стара коска“ која никогаш не се продала. А имала дузина пати можности и понуди.
Да се вратам на Оф Нет и нивниот прилог.
Кога ги барале старите снимки, било кој да бара такви стари снимки, многу е тешко во врска со Комитите да се најдат снимки каде Миленко не е автор, или барем учесник.
Овие снимки се од 1991-ва. Но уште од 1987-ма па натаму, вклучително и 1991-ва, беше незамисливо на тогашниот водечки и единствен комуњарски електронски медиум да се спомене “К“ од Комити. Само Миленко, повторувам, само Миленко правеше прилози со кои го поддржуваше и бодреше. Миленко, и никој друг. Исто како со бетонската плоча на илегалците од Бугарија што пред година-и-пол криминално го нарушија територијалниот интегритет и законите на Македонија влегувајки преку планина од Грција во Македонија.
Еве ги подолу и двете видеа најдени и објавени од Оф Нет. Јас во својата архива имам уште неколку. Стојат во делот каде што се и интервјуата со Дарко Панчев во Белград кога играше за Црвена Ѕвезда и од Милано кога играше за Интер. И такви интервјуа нема никој, само Миленко.
Тие моменти од историјата на Македонија, стојат кај мене во архива (приемот на Македонија во Европскиот Олимписки комитет, примето на Македонија во УЕФА и во ФИФА и сл.).
Видео на 1 мин и 45 секунди.
Видео на 5 мин и 30 секунди.
https://off.net.mk/offside/navivachi/koi-bea-komitite-vo-minatoto
И спортот е политика.
Па така и спортските коментатори се активни политички чинители.
Миленко Неделковски – 30 години подоцна.
Скопје
22/11/2017
Галерија – историја: