MSNBC и МИЛЕНКО ШОУ

Во телевизискава меѓусезона, редно е да се направи рекапитулација и отчет за сработеното.

Да го парафразирам Волтер, “можеби некој не ви се свиџа, ама делата не можеш да му ги негираш“.

За жал по многумина умислени, а никогаш не остварени колеги, мојата емисија влегува во 10-тата консекутивна сезона. Секја сезона почнува во ист прв петок во септември и завршува во ист последен во јуни. Значи нема импровизација, дилетантизам и недследност. Туку максимален професионализам и однос кон публиката. Затоа, сите телевизии со супер богати газди како Ѕинго, Емил, Андреја, Роби, кој-и-да-е-во-Алфа, Ферик синот на Веби…, заедно со се националниот сервис и “засилувањата“ од А1…, заедно со сите чомовци, созени, сакиевци, латаси, чизмари, спецовци, оливери, попетревци… Значи сите заедно на купче оваа година не успеај да донесат ниту 10% (и по број и по квалитет) од гостите што ги донесов во “Миленко Неделковски Шоу 2014/15“.

Не успеаја да донесат странски независни новинари, филозофи, доктори на науки, аналитичари, водачи на движења, политичари, писатели, нобеловци… Луѓе од кои може да се чујат факти, сознанија, заклучоци, анализи. Не мора, и не е добро, секој да се согласува со тие луѓе, но за демократско друштво какво што е Македонија е исклучително важно да чуеме што мисли светската интелигенција надвор од неоаристократските дворови на Нуланд, Барозо, Хан, Меркел, Оланд, Камерун… Тоа се луѓе спротставени на светската бирократска номенклатура која владее без демократски избрана воља на народот.

Сите тие гости, до еден, и од соседните екс-Ју земји и од подалеку, ми порачаа дека ваква емисија со можност слободоумни луѓе нецензурирано да зборуваат тешко, или воопшто, не се наоѓа повеќе во светот. Ми порачаа да ја чувам како еден од последните слободни проблесоци во “цивилизирана“ Европа.

 

Последниот настап на Џеј Нордлингер во најгледаната утринска програма во САД Morning Joe на MSNBC, ме предизвика да направам список на гостите од минатат сезона. Џеј беше гостин кај мене на крајот на април и почетокот на мај. Интересно, тој е тврд десничар, а Мирка Велиновска ептен левичарка. Денеска утрово, на редовно кафе, говоревме за Доналд Трамп. Кога го прегледав видеото, заклучоците на Мирка и Џеј се апсолутно исти. Без разлика што се со десетици илјади километри далеку и без разлика што се на дијаметрално различни идеолошки полови.

Па така, Џеј е на MSNBC и во Миленко Неделковски Шоу. Но, тоа не е случај само со него, туку со сите мои гости. Тие се редовни и релевантни соговрници на RT, CNN, BBC, Al Jazeera, Fox… И гости во Миленко Неделковски Шоу.

Одиме со ред:

Алфредо Халифе Рахме од Мексико.

 

Мирослав Лазански од Србија.

 

Крешимир Мишак од Хрватска.

 

Миша Ѓурковиќ од Србија.

 

Џон Лахланд од Франција/В. Британија.

 

Аугустин Палокај од Брисел.

 

Владимир Периќ Валтер и Дражен Касало од Хрватска.

 

Џулието Киеза од Италија.

 

Мишел Вотро од Франција.

 

Мајл Телинџер од Јужна Африка.

 

Даниеле Генсер од Швајцарија.

 

Леонид Савин од Русија.