Што е договорено со СЈО а што со снимките и сефовите???
Добро Јовевски ги презеде предметите, како?! само тој знае, но дали жешкиот костен што Јовевски го голтна – неовластените снимки, ќе го изгори обвинителството кое со жар но без печат ги прибра “специјалните” повторно во таборот на “неспособните”
– Најпрво во 2016-та година Заев тврдеше дека повеќе од 20.000 граѓани во земјава биле незаконски прислушувани од власта!
– Заев ~ демек предаде на Јанева еден хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма. Пописот во СЈО покажал дека на екстерниот хард диск се пронајдени 540.646 се аудиофајлови и 6.302 фајла со различен формат (Ворд, Ексел, ПДФ и други), како и 119.088 транскрипти од разговори и од СМС-пораки, содржани во книгите.
– Заев првично тврдеше дека поседува над 600.000 разговори, за последната бројка што ја спомена да намине 1.050.000 аудиозаписи од незаконско прислушување!
Што ќе се случи со овие неовластено снимани разговори кои нели сега според Јовевски ќе бидат докази, како се предадени кој го мониторира сето тоа, нели снимките се чуваа во сефови, се поплавуваа, протекуваа???
Пандорината кутија многу се прошири, но тој што ќе ја отвори секако ќе има многу работа ако сака цврсто да се справи со поглавјето Правда и внатрешни работи на ЕУ!
В. Панчевски
Скопје, на 15-ти