“Fourth of July or July Fourth in the USA, is a federal holiday commemorating the adoption of the Declaration of Independence on July 4, 1776, which was when independence got declared from the tyranny of Great Britain“.
Колку убаво и прецизно срочено. Младата демократија, младата држава (ќенефите кај нас во селата се постари од неа) прогласила независност од ТИРАНИЈАТА на Велика Британија.
На ГРАЃАНИТЕ на САД им го честитам празникот. И им посакувам просперитет, мир и благососотојба.
Ги гледам утрово фотките (убав наслов има Плусинфо “Who is who“ галерија) од приемот во американската фортификација на Кале во Скопје. http://www.plusinfo.mk/vest/32318/koj-e-koj-na-prviot-priem-za-4-juli-organiziran-od-djes-bejli-vo-ambasadata-na-sad-(galerija) Гостите насмеани, разгалени, почестени што се викнати… Убаво, убаво… Идила!
Сепак, се кладам дека најголем дел од нив, на пример овие од опозицијава, или верските лидери, или “интелектуалецот“ од Швицарска, појма немаат на што празник имаат дојдено. Што всушност се одбележува на 4-ти јули, зошто е тој празник важен за американскиот народ и кои се пораките што “татковците основачи“ ги оставиле како завешетение на својот народ. Се кладам у кило крв, дека појма немаат.
Исто така им се кладам у две-три кила крв, дека јас за американската историја, вредности и лидери знам повеќе од сите овие нововременски вљубеници во САД на куп.
Крајно, му се кладам на Бејли у сите бели крвни зрнца што ги имам, дека “Фаундинг фадрс“ не сакале да се татковци на ваква администрација, каква што сега Џес претставува. Тие во 1776-та имале сосема подруга идеа.
А за да не се убедуваме со впечатоци, еве цитатите од татковците на нацијата што денеска прославува:
Џејмс Медисон рекол: “Концентрираното богатсво ќе ја уништи нашата нација“. Појаснил дека “Ќе дојде денот кога Републиката (САД) ќе биде неодржлива да постои затоа што богатството ќе биде сконцентрирано во рацете на неколкумина.
Томас Џеферсон има преубава дефиниција која вели: “Кога луѓето се плашат од владата, тогаш тоа е тиранија. Но, кога владата се плаши од луѓето, тогаш тоа е слобода“.
Џон Адамс кажал кратко и јасно: “Слободата, еднаш загубена, загубена е за секогаш“.
Бенџамин Френклин вели: “Направи се себе си овца, и волците ќе те изедат“.
Џорџ Вашингтон рекол: “Создавањето нови долгови не е начинот да се отплатат старите“.
Томас Џеферсон кажал: “Најголемата опасност по слободата во Америка е Влада (власт) која го игнорира уставот“.
Абрахам Линколн: “Америка нема да биде уништена од надвор. Ако пропаднеме и ја загубиме нашата слобода, тоа ќе биде затоа што сме се уништиле самите себе си“.
Овие пораки на татковците на американската нација ниту ги практикува и спроведува Џес Бејли, ниту пак најголем дел од неговите гости (клиенти) ги знаат.
Најмалку ја знаат реченицата на Бенџамин Френклин: “Оној кој ја жртвува слободата заради безбедност, не заслужува ни едно од тие две работи“.
Поракиве, како оваа на Френклин, не само што наследниците во Вашингтон не ги почитуваат, ами протежираат тотално спротивна политика. Прочитајте ги уште еднаш американските татковци на нацијата, американските мудреци, и ќе заклучите дека денешниов Вашингтон, денешниов Стејт департмент, денешниов Пентагон работат се спротивно од она што сакале основачите на државата и нацијата.
Па, Г-дине Бејли да разјаснам на денешниов празник нешто со Вас и Вашите советници. Јас, Миленко Неделковски, ја познавам и почитувам американската историја и историски личности повеќе од целиот куп вчерапоканети ваши гости. За разлика од сите нив, јас не ја почитувам и НЕ И СЕ ПЛАШАМ на современата американска администрација. Администрација што ја уништува сопствената држава и целиот свет. Тоа Г-дине Бејли, мене не ме прави американоскептик, ниту проруски/прокинески/пробразилски расположен, ами ме прави почитувач на вистинските американски вредности. Оние вредности што ТИ и таквите како тебе сте ги заборавиле и најбрутално сега ги газите.
Ме прави борец за враќање на вредностите, моралот, слободата, духот на Америка.
Америка, другар Бејли, се и Линколн и Бенџамин Френклин. И Елвис Присли и Патон, Би Би Кинг, Мет Дејмон, Стив Мек Квин, Бари Вајт, генералите Ли и Грант… Сите, но не и ти и твојата администрација.
Мојата Америка е Америка на такви ликови, не на твојот лик налик на “Џокер“.
Текстов да го завршам со уште една порака, испратена пред 250 години од Томас Џеферсон, почитувана денеска од мене: “I PREFER DANGEROUS FREEDOM OVER PEACEFUL SLAVERY“.