УЦЕНА И ЗАКАНА
Oваа подмолна манипулација во најава, доколку се оствари, еден ден ќе ги однесе директно во затвор. Ковид пропусница? Аусвајс? Ма немој! Се работи за дискриминација без пардон, неуставно дејство, целосно во спротивност со Резолуцијата на Советот на Европа, со која се забранува присилна вакцинација и дискриминација на оние што не сакаат да се вакцинираат. Спротивно е и на Нирнбершките принципи. Всушност, ова е брутална уцена и безмилосен притисок, со цел да натераат што повеќе луѓе да се вакцинираат практично под закана. Настрана тоа што никој никаде не јавува за несакани ефекти од вакцинирањето во Македонија, а низ цел свет ги има. Ги има и овде, само нема медиуми да истражат.
Гувернерот на Флорида воведе драстични парични казни за училиштата и фирмите кои ќе бараат т.н. вакцинален статус.
И на други места има такви најави. Ќе дојде тоа и тука, нека г-дин Филипче, Комисијата и другите инволвирани не се сомневаат во тоа. И некој ќе мора да одговара. Патем, откако Тексас пред неколку месеци го отфрли носењето маски, денес таму има нула заболени. Што ќе одговорите на тоа?
Немаш никакво право да дискриминираш кого било затоа што се грижи за своето здравје како што избрал. Не подлегнувајте на притисоците – се обидуваат да ве заплашат со социјална изолација. Законот е против нив и еден ден мора да има правда за ова нечуено злосторство против човечноста и човештвото.
Крум Велков
20.05.21