Ако фино и педантно се чита светската историја, убаво ќе се забележи дека ништо, ама апсолутно ништо се нема решено без војна. Секако, мислам на геостратешки, идеолошки, територијални и верски судири.
Зошто сега, во втората декада од 21-от век би било поинаку?
Ниту една голема и влијателна држава не станала супериорна без војна. Египет, Месопотамија, Картагена, Рим, Франција, Обединетото кралство, Португалија, Шпанија, Русија, СССР, САД, Германија…
Ниту еден конфликт не се решил без голема битка и многу погинати. Диен Биен Фу, Галиполе, Гетисбург, Нормандија, Курск, Сталинград Ленинград, Сицилија, Монте Казино, Ардени, Сутјеска, Неретва, Херонеа, Ис, Арачиново, Куманово…
Ниту еден голем лидер не станал голем без да пролее многу крв. Ленин, Сталин, Мао, Черчил, Рузвелт, Вашингтон, Тито, Цезар, Александар, Хитлер, Кастро, Хо Ши Мин, Де Гол…
Ниту една мала и безпомошна земја не успеала да се ослободи од својот поробувач и агресор без војна. Југославија, Виетнам, Куба, Косово, Хрватска, Латиноамериканските држави, Африканските држави, Кореите, Афганистан…
Ниту еден верски судир не завршил пред да има војни и крвопролевање. Индија и Пакистан, албанци и срби, хрвати и срби, крстоносци и муслимани, тутси и хуту, сунити и шиити, Алстер, Македонија…
Ниту една расна нетрпеливост не се смирила пред да има крвопролевање. Индија, Јужна Африка, САД, Кина…
Конфликтот, сакале вие тоа да си го признаете или не, пушта “зла крв“ од организмот и го чисти ко пијавици што порано се користеле во медицината.
Светот во мирнодобно време, ако периодот по Втората светка војна може да се окарактеризира како мирен земјаки ги десетиците војни што американците ги водеа низ целиот свет, мирнодобното време велам донесува набивање електрицитет, нетрпеливост, завист, разлика, навреди, несогласувања, долгови кои можат и се решаваат само со војна.
Па гледајте ја само историјата на Балканот: Прва Балканска, па одма по неа Втора Балканска. Нив ги следеше Прва Светска војна. За четврт век подоцна Втора Светска. Па пола век подоцна граѓанската војна во Југославија.
Но, не паничите. Вака е и во останатиот дел од светот. Само треба да се заинтересирате за конфликтите меѓу Чиле и Перу. Или оние помеѓу Аргентина, Уругвај и Бразил од поновата историја. Онаа од 20-тиот век.
Па така, работава без војна (и светска и локална) нема да заврши. Толку многу САД и должи пари на Кина, што по примерот на кражбата задскриена под плаштод на Октомвриската револуција кога парите од Царска Русија и царот се украдени од западните еврејски банки (сите лидери на октомвриската револуција биле евреи), ќе се обидат американците да го анулираат долгот што го имаат кон Кина.
На Балканов ниту србите, ниту албанците се задоволни од било што. Грците и Бугарите си чекаат во ред за поткосурување. Босна е распадната. Албаниците се робови на големите сили. Нема мир, тука. Нема.
Е сега, кој прв ќе започне, или што би рекол Рамбо кој ќе пушти first blood, е единствената неизвесност.
Но, сигурно е дека до војна, регионална и светска, ќе дојде. И дека ќе има генерално пребројување и светско и регионално. Пребројување етничко, територијално, идеолошко, верско…
Таа војна ќе е неизвесна, секако. Светот или ќе биде прочистен од паразитите што ја цицаат крвта на народот. Или пак, паразитите ќе ја исчистат планетата од луѓе што им се непотребни и што им создаваат проблеми.
Таа војна нема да се вика Трета светска војна. Не! Ќе се вика Последна светска војна.
Миленко Неделковски