Eмилија ГЕЛЕВА

Eмилија ГЕЛЕВА

Сатлантстите го “бараа” оружјето за “масовно уништување” на Ирак и за таа цел го бомбардираа и окупираа Ирак. Дваесет години подоцна Колин Пауел и Тони Блер признаа дека немало никакво оружје за масовно уништување во Ирак и дека тоа било измислица на англо/американските тајни служби.
По десетина години почнаа да го бараат “терористот” Арапинот – Осама бин Ладен (инаку креиран и платен од англо-американските служби), кој демек се беше сокрил во пештерите во Авганистан , и мама им расплакаа на планиниските авганистански масиви фрлајќи врз нив бомби со ураниумско полнење. Никогаш не го најдоа Ладена и снимија филмче како го убиваат во Пакистан, па го погребаа палејќи го во море небаре е Индус. Но, барајќи го “терористот” Осама бин Ладен, го окупираа Авганистан и најголемото производство на афион и опиум во светот.

Осум години се обидуваат да го соборат сирискиот претседател Асад и со слични трикови да ја окупираат Сирија. За таа цел во 2015 години преку ноќ медиумски ја експонираа нивната творба, терористичката војска ИСИС, која од Ирак се префрли во Сирија со цел да ја уништи земјата обилно снабдувана со оружје од своите кретори. Едно време, разоткриените Сатлантистите како “прочуени борци за демократија” почнаа да ја “ослободуваат” Сирија од ИСИС, ама бомбите завршуваа исклучиво врз цели на регуларната сириска армија та дури и врз цивилни населби, а ИСИС се засили благодарение на нивните самоволни бомбардировки. Е тогаш Русија им покажа како се уништува ИСИС кој за само три месеци беше уништен и исчезна од Сирија, а со тоа им го уништи и оправдувањето на Сатлантистите за бомбардирање на Сирија.
Затоа, неинвентивните Сатлантисти пак направија филмче како “диктаторот” Асад си ги напаѓа сопствените граѓани со хемиско оружје што требаше да им послужи на недиктаторите Сатлантисти да ја бомбардираат и окупираат Сирија. Ама помоќните им кажаа повторно “нон пасаран”.
И сега на подмочаните од страв Сатлантисти мораше да им се даде простор да го сочуваат својот “победнички” имиџ, па им беше дозволено да испукаат ракети кои никаде не паднаа, всушност. Зашто не дај боже навистина да паднаа на капацитети за производство на хемиско оружје, а тоа не се работилници туку строго контролирани големи постројки, сега во Сирија не ќе можеше да се добројат жртвите од таквите напади.
Барем Трампчо сега ќе пушта радосни победнички твитови и ќе ги забавува своите компањони колку се силни. А бре, ни за у детска градинка не сте. Лесно му е на Путин со вакви умствени креатури.