ЈАНЕВСКИ
Катица Јанева тврди дека со изборот само на седум наместо 14 обвинители колку што предложи таа, бил прекршен Законот за специјално обвинителство. Ајде да видиме што таму пишува. Член 9 став 2, со кирилски букви и на македонски јазик, вели вака: „Јавниот обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното обвинителство.“ Значи, употребен е терминот „ќе предложи“.