“Слободата” на Шиптар и Орце
Во врска со “ослободувањето” на Сашо Мијалков и Орце Камчев на социјалните мрежи текстови, коментари, пораки се изнапишаа еден куп гаталци, ама ретко кој паталец. Прашај паталец а не гаталец, е народната мудрост. Гаталецот пишува врз база на своето “знаење” базирано на гледање Холивудски филмови и слушање кафански прикаски. Значи, пишувањето му е едно обично ништо. Паталецот пишува од сопствено реално искуство, базирано на години-и-години борби по судските ходници. Миленко