Историја

РЕАКЦИЈА НА СРПСКИ ИСТОРИЧАРИ

Др. Александар Раковиќ е мој пријател и историчар и публицист од Србија. Добри пријатели сме иако во многу работи на релација Македонија – Србија и СПЦ – МПС не се согласуваме до ниво на непомирливост. Тоа го прави нашето пријателство возбуливо, продуктивно, инспиративно… Секоја средба е дебала дискусија. Тоа е човек што не одбива дебата, што сака да ислуша, што прима критика (и дава критика, секако), што ја сака Македонија

МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ

Токму така, неговиот татко бил потполно во право, имено Франција, Србија, Бугарија, Грција и Албанија во сојужништво во 1916 г. на Битката кај Кајмакчалан за време на Солунскиот фронт, односно Македонскиот фронт, ги отепаа Македонците и Русите на најподол начин, а ден-денес се прикажува преку политички монтираната историја која несоодејствува на вистината дека таму гинеле Срби, Бугари и Грци. Ви ветив дека наскоро ќе ви ја срочам вистината преку теоријата

И АМБАСАДОРИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАРЕМ НЕ?

За време на должност, денеска во Анкара е убиен рускиот амбасадор Андреј Карлов. Со внимание ги следам домашните и странски “мејн стрим“ медиуми за начинот како ќе ја третираат оваа тема. Да видиме кој од домашниве политичари ќе изрази сочуство. Јас, иако не-политичар, веќе го сторив тоа. Да споредам. Седум (7) амбасадори на САД се убиени додека биле на својата должност. Плус на двајца им паднал авионот. – Кристофер Стивенс

БИСА, мојата пријателка

Со Биса и едно убаво пост-гимназиско друштво минавме прекрасни години во дружење во втората половина на 70-тите. Мојата прва сопруга Мила, Лики Сељакот, Пајо Ешреф, покоен Љубиша Цветко, Горан Петко и други средношколци од гимназија Јосип Броз, односно основношколци од Ленин, Кочо Рацин, Песталоци и Лола Рибар. Со Биса се имам среќавано повеќе пати од тогаш до сега. Во Скопје, но најмногу по аеродроми во светот. Многу ми беше мило

СПОМЕНИК на МАЧНИК

Започнав со процедура на поставување на спомен обележје на врвот Мачник (турцизам Кајмакчалан) на планината Ниџе. Овој врв бугарите си го нарекуваат “Борисов град“, а србите “Порта на слободата“ или “Праг на татковината“. Сметам дека Македонските историчари треба да поведат иницијатива за именување на овој врв така како што го нарекувале со векови Македонците што живеат таму – МАЧНИК. Со Божја помош до идното лето на законски начин би било

ЧЕНТО

Петре Шилегов ни објасни за неговиот интерес околу Методија Андонов – Ченто пишувајќи „Старите вмровци (и нас чесните Македонци) на времето нѐ интересираше кој го уби Ченто“. Прво не ми е јасна поделбата во реченицава, од една страна се старите вмровци, а од друга страна се чесните Македонци, дали тоа значи дека старите вмровци не се ниту чесни ниту Македонци? Нејсе, дилемава ќе се обидам сам да си ја разјаснам.

МАКЕДОНЦИ

Н: Не сум ни Бугарка, ни Србинка, јас сум Македонка и ми е смачено од војни!Троглавиот змеј проголтал илјадници Македонци во битката меѓу Србите и Бугарите на KајмакчаланПН1: Во таа кланица што траела од 12 до 30 септември 1916 година во Првата светска војна, жестоките борби биле водени гради во гради со бајонети, а врвот Kајмакчалан бил прекриен со тела на мртви војници. ПН2: Во составот на српските „доброволечки“ одреди

МОРАШЕ МИЛЕНКО ДА ПРЕЗЕМЕ АКЦИЈА ЗА СИТЕ ДА СЕ СЕТАТ НА КАЈМАКЧАЛАН

Пред сто години на Kајмакчалан се воделе најжестоките борби на Солунскиот фронт во Првата светска војна. Притоа, за осум дена, од 12 до 30 септември 1916 година, загинале над 4.600 војници од српската и околу 3.200 војници од бугарската, а голем број од нив не биле ни Срби ни Бугари, туку Македонци. Во составот на двете завојувани војски биле мобилизирани најмногу лица од месното население во Мариово, но и од

НИКОЛА СРБОВ

Многу врева околу потегот на Миленко на Кајмакчалан, а богами и многу пораки со прашања добив, па вака ќе одговорам јавно. Колку што знам Србите не поставиле плоча кога дојдоа (може и грешам), па затоа и немал што српско да крши, костурницата е направена во време на СХС (доколку ме судиш како србоман скролај подоле види постови што сум пишал по повод доаѓањето на Србите). Србите влегоа легално, јас не

НА НОЖОТ - Битка 14.07.1907

На 14 јули 1907 година на врвот Ножот била одиграна една од најголемите и најхеројските битки во постилинденскиот период, чиј епилог одекнал ширум Европа. По Илинденското востание пропагандите на соседните земји: Србија, Бугарија и Грција, започнале со вооружено дејство над македонското население, тие од просветно-црковни преминале во вооружени. Започнал големиот наплив на грчки-андартски чети, бугарски и српски чети кои вршејќи колеж низ македонските села вршеле етничко чистење на Македонија од