ВЕЛИНОВСКА
ОФАНЗИВА НА ЗАРОБЕНИОТ УМ Пишува Мирка Велиновска Искуството ме научи дека е бескорисно и залудно да се полемизира со верски и идеолошки фанатици, длабоко индоктринирани личности чиј втиснат светоглед се има вградено во личниот идентитет. Од проста причина што ако на таков субјект се обидете да му спротивставите очебијни факти или поинакви сознанија, опции, размислувања, теории, тези, тој тоа ќе го доживее како агрсија, напад на неговиот свет и идентитет.