Македонија

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на Собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска, рече:

“Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект“.

Дудунка, отвора дебата за тоа колку има МАКЕДОНЦИ, а колку жители од други етнички заедници во МАКЕДОНИЈА.

Да се потсетиме:

1. Последниот попис беше прекинат од ВЛАДАТА на Никола Груевски, затоа што етничките албанци сакаа попис да праат преку Скајп и Фејсбук. Со документи во фотокопии, без присаство во Македонија. Е, така нече мочи ове ночи.

2. Пред да започне тој неуспешен попис, од Брисел добивме директива како држава, пописот да е транспарентен и демократски, ама да ВНИМАВАМЕ АЛБАНЦИТЕ ДА СЕ НАЈМАЛКУ 25% !!!???

3. Последните изборни резултати, покажуваат дека албанците во Македонија се далеку под 20%.

4. Строгиот режим на поголемиот дел од Западно Европските држави за НЕДОЗВОЛУВАЊЕ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО, ги приморува “нашите“ албанци да се решат помеѓу државјанство на швицарска, немачка, аустрија или државјанство на Македонија. Јасно е каков избор прават.

5. Секоја бројка, под процентот “загарантиран“ со Охридскиот рамковен договор, значи дека правата што ги носи тој договор, не важат за соодветната етничка заедница (вработување, двојазичност, министерства, директорување…).

6. Последниот попис на населението е изведен во есента 2002-ра, е под режимот на Бранко Црвенковски и Хари Костов. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaXIII.pdf Тоа беше влада што ги прифати ТЕРОРИСТИТЕ од УЧК, како партија ДУИ.

7. И референдумот за територијална поделба на Македонија со кој се алабнизираа Скопје, Тетово, Кичево, Дебар, Гостивар и Струга што заврши неуспешно е изведен во време на режимот на Хари Костов и агентот на ЦИА Силјан Аврамовски.

8. И пописот од 2002-ра и референдумот во 2004-та се под директно влијание на трауматични настани. Војната во 2001-ва и убиството на Трајковски 2004-та.

Доколку меѓународната заедница дозволи, уште поарно, доколку нашата Влада се избори да ги одбие притисоците и го имплементира софистицираниот начин на попис на населението, ДУДИНКА смета дека пребројувањето ќе покаже дека во МАКЕДОНИЈА нема повеќе од 16%, максимум 17% албанци. Доколку торбешите, ромите, бошњаците и слични кои од лукративни причини се пријавуваат како албанци, се вратат во своите етнички заедници, тогаш таа бројка може да е и под 15%.

 

 

 

ДРЖАВАТА ДА ПОМОГНЕ

ДИВА РАБОТА Дива населба, неплански диво изградена, диви приклучоци за струја, исечена шума од диво сечачи, диви депонии во реката, на диво развиорени знамиња на туѓа држава… Населението и бизнисите што немаат фискална, што не плаќаат данок, што не плаќаат комунални и даночни давачки, што слават туѓо знаме и пеат туѓа химна сега бараат ДРАЖАВАТА ДА ИМ ПОМОГНЕ! Исто како у Диво насеље. Они ќе пукаат по полицијат и ќе

МИРОСЛАВ СТОЈАНОВСКИ КАСАПОТ

Во предвечерјет на прославата на 20 годишнината од Олуја. Во предвечерјето од 20 годишнината на етничкото чистење врз србите во Краина од страна на хрватската војска. Во деновите кога меѓународната заедница се потсетува на масовните убијства во Сребреница, ама заборава на колежите правени од единиците на Насер Олиќ. Во деновите на Илинден кога констатиравме дека во Прохор Пчински веќе нема ниту најмал знак на историскиот момент од заседанието на АСНОМ,

ДЕВСТВЕНИТЕ ОСТРОВИ

Кога ќе дојде некој странска фирма да инвестира во Македонија, а потеклото и е од Девствените острови, почнува брутална кампања против инвеститорот. Те криминалци се, те перат пари, те од острови дошле, те оф шор компании се, те кријат имиња, те ова-она. Ова го пишуваат “сериозните новинари“ од “сериозни гласила“. Батко Миленко да ви каже: Не се работи за никакви “сериозни новинари“, ами за сериозни кретени и незнајковци. Се работи

КОКО, СЕ ПРЕТЕРА СО ТЕКСТОИВЕ!

Од колега до колега, во времето на ТВСкопје. Сега веќе не сме колеги. Од Миленко до Коко. Но, на увид на народот. 29.07.2015 10.00 ч ПРОВЕРКА НА “ФАКТИТЕ“ НА КОКО Под колумната на Зоран Бојаровски, во понатамошниот текст скратено Коко, стои: “Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата