A где је потпис?

Не е дека народот не се со гласува со повик на граѓанска непослушност. Не е и дека секој од нас не смета дека мора да се премине од зборови на дела.

Да, за граѓанска непослушност, ДА за дела ви-за-ви дремење по дома, да за акција…

Да за протести, револуција, немири, промени…

Да.

Но сето тоа не може да помине со проглас БЕЗ ПОТПИС. Со слика со ОТФИКАРЕНИ ГЛАВИ. Со анонимност, скриеност и плашливост.

Народот на вака фејк обајава нема да се залепи. Оти народот мора да знае кој повикува. Единствено од овие набројани организации познат лидер има СМК. Но позади него никој нормален нема да застане.

Па така, ако се нема кураж уште во оваа најрана фаза да се легитимира персоната или персоните што ја покреноваат оваа инаицијатива, тогаш на што треба да се надева народот кој е повикан да ги поддржи?

А можеби “повикувачите“ се свесни дека ако со појават со име, презиме и фотка, народот нема да ги прифати и нема да ги следи.