A бе, ти реков!

A бе, ти реков!

Малку ми е глупо постојано на Никола Груевски да му пишувам “нели ти реков“, “го пишав тоа“, “не ми го послуша советот“, “прашај паталец а не гаталец“ и слично… Ама па исто така ми е дабетер глупаво да се прават попаметни од мене за работи што не ги знаат и каде што немале искуство.

Не сте нај паметни, ами сте биле среклии во одреден момент Господ да ве поттурне, Но, шансата не ја искористивте. Сори.

Значи, денеска Груевски дава изјава дека “Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека политички се одлуките “.

Но, јас ушете во февруари оваа година, значи пред 10 месеци му пишав дека греши одење на суд како криминалец по совет на своите адвокати, ами треба да се претстави она што е – политички прогонувана личност.

Еве извадок:

Кој го интересира, еве го целиот текст, односно колумна:

Големата стратешка и политичка грешка на Никола ГРУЕВСКИ

 

Искрено, ме иритира кога со костум, вратоврска, сериозна фаца, обезбедување и адвокати околу него ќе соопшти нешто “умно“ што јас така брадосан, со косиште и со лежр аутфит сум му го кажал уште ред скоро една година.

Одело, Никола, не чини човека.

 

 

М. Неделковски

24.10.18

Скопје