Aлександар ПАНДОВ

Aлександар ПАНДОВ

Да заклучиме. Четри години по објавувањето на Груевски дека СДС со помош на странски служби прислушувал во Македонија политичари и ,,остала боранија”, проектот ,,Вистината за Македонија” на чело со опинокот Заев со сите пропратни бомби, обвиненија, СЈО и судења докажа дека во земјава нема виновен политичар, па ни бизнисмен. На крајот на кого како му се падна. На некого амнестија, на друг застарување на делото, на трет тендер, на четврт и амнсестија и тендери! Најсмешна ќе биде исплатата на штета (со полно право) на Сашо, Орце, Цветан за нанесена душевна болка и срам во општеството, а поради притворот богами и за тортура! Сите среќни и весели, Македонија раскурцана и обесчестена, а народот не знае кој пат да го фати. После се, капак на нервоза, капак на се ми е што испадна дека единствено виновни во земјава се патриотите за 27-ми април, кој 15 месеци се во притвор