Ќе ги рушеле спомениците?!
А што си мислевте кога седнувавте во Пржино?
Што си мислевте кога преговаравте во Пржино без народот да знае што?
Што си мислевте кога ги одложивте изборите од 24 април?
Што си мислевте кога ја предложивте и гласавте Катица Јанева?
Што си мислевте кога го гласавте “Пржино” во Собрание?
Што си мислевте кога Нино Тодоров ги убедуваше новинарите дека странците во Пржино зад грб го исмевале Заев? Сега се гледа кого иссмевале.
Што си мислевте?
Дека ќе ве остават раат.
Дека музејот на ВМРО ќе го остават.
Дека “Белиот дворец” ќе го остават?
Дека на слобода ќе ве остават?
Последно што ќе ви ветат а ќе ве излажат, и зад грб ќе ви се смеат, ќе биде во Париз. Ќе ви ветат откажување од прогон и враќање на пасоши за да го поддржите промената на името. И па ќе ве излажат.
Народот мудар рекол, ако еднаш добронамерно ти кажат дека си магаре, не им верувај. Па и втор пат не верувај. Трет пат, оди види се на огледало да не имаш самар.