Мирка Велиновска за планот на неофашистите

Мирка Велиновска за планот на неофашистите

ТОДОРЧЕ ЛИ НА НЕОФАШИСТИТЕ ИМ Е СЛАМКАТА ЗА СПАС?

 

Читам, Тодор Петров има ,,генијален,, предлог да се одржел нов референдум за
Македонците овојпат да се изјаснеле дали се за промена на името и за колективно
самоубиство! Мамката на која треба да се фатиме ко кленови на дудинка е овојпат
референдумот да бил обврзателен!? Видиш ти колку ни е интелигентен овој Тодор што
се венчал со момата Македонија и се прогласи за нејзин сопруг. Очигледно смета дека
така стекнал право да ја дупи кога сака, како сака и колку сака. По саудиарабијски!
Не ме чуди што британските тајни служби кои се пандан на избламираната ЦИА
нашле уште еден штрапан во умот, уште една цепенка црпната од некое маларично
блато за да го мавтосува македонскиот народ. Ме чуди само како вакви
западноцивилизирани идиоти уште не разбраа дека веќе нема во светот муштерии за
нивните бурда кројки за моделчиња кои со децении се демоде. Па бре дури и Мао
Цедонг имаше повеќе смисла за мода и реформи во свеста (униформите ги
произведуваше во три бои) од овие дегенерисани суртуци кои владееа со светот со
исти бурда кројки (сценарија) кои ги рашетуваа на модни писти исти лејки каква што е
и Тодорче, Заев, Шеќеринска, Срѓан Керим, Фрчкоски и слични помодари. Значи,
многу се очајни! Штом го извадија пак од фиока моделчето за втор брегзит и во
Македонија оти, нели, сакаат такво нешто да му подметнат и на британското население
во надеж дека овојпат се ,,освестило,, јасно нека ви е дека од очај се надеваат на
реприза со поинаков крај и во Македонија. А бе баш вчера напишав дека нашиот
бојкот им го растури сценариото и им го пеплоса и преспанскиот десант и целата
гротескаво која главна улога има Црпко со неговата екипа северни лејки. Кога ете ни
го Тодорчето како излегува со нова ,,голема,, идеја. Богами, сега ги исчекувам
канонадно да го тргнат да го фалат Герис, Сашо ,,Брицо,, Ордановски, Фрле и остала
деген банда за интелтуално тинк-тенковски да ја набилдаат со наука ем експертиза и
оваа фашистичка дркотина смислена со само една цел – да го отстранат суверенот како
одлучувачки фактор во политиката и да му ја отфикарат слободата да одлучува за себе.
Е па да им кажам фино. Тоа филмче нема да го гледаат. Втор референдум за името
нема да има во Македонија. Вие го прогласивте септемврискиот за необврзен. Ама
неговите резултати станаа обврзни за сите па и за вас. Ние кажавме што мислиме за
ваквите свињарии од варварскиот евроамерикански комплот кои произведе колективно
и политичко лудило кое трае со децении во Грција, Албанија и Бугарија. На дегените
од Западот јасно е дека не им доаѓа памет и не го разбираат основното – дека името на
еден народ името на државата, преку која се дефинира идентитетот колективно и
индивидуално, културата, традицијата јазикот, историјата не се своина на една
генерација или сопственост на една елита. Затоа прашања за слобода, слободна волја и
идентитет не се поставуваат на референдуми ниту се работа на политиката. Поинаку
кажано, прашања за категоријални,односно, темелни вредности и на кои однапред се
знае одговорот не се поставуваат на изјаснување во прашална форма. На пример, дали
сте за тоа да бидете слободни луѓе или робови, дали сакате доброволно да се самоубиете или со делегирано право ние да ве истребиме? Дали сакате самите да си ја
уништите државата или НАТО, ЦИА и Велика Британија да ви ја изораат длабоко?
Дали сте ЗА да се укине машкиот пол како непотребен? Токму зашто не ги разбираат
законите на универзумот, фашизмот како светоглед и симптом на дегенерацијата
(ментален канцер) е осуден на порази во каква и форма да се појави. Сепак, малку ме
чуди кој му дозволува на овој Тодор скоро триесет години да се идентификува како
претставник на Македонците? За тоа кој го плаќа и чиј корисен идиот е знаеме. Ама не
ли е малку многу уште да ја држи монополски ,,тезгата,, за референдуми кога секој во
Македонија знае дека од таа тезга никој нормален не купува оти стоката е смрдлива и
скапана. Џабе фрлате пари за ѓубре! Мислам дека македонската дијаспора треба да го
исшупира конечно.
М.В.
28.12.18