Основното Јавно Обвинителство злоупотребувајки ја институцијата “по допрен глас“ преку селективна употреба, ја претвори во партиско-амбасадорска алатка за пресметка со неистомислениците. Па така, наместо законска алатка, таа стана инструмент за реваншизам, прогон, уцени и притсок. Односно наместо да се истражува допрен глас, стана желботека наречена “по допрен газ“.
Еве два примера:
- Горан Мисовски во обвинителство треба да е повикан како обвинет, како сторител, а не како сведок во допрениот “газ“ дека Талат Џафери е нелегално, незаконски и неуставно избран за Претседател на нелегалното, криминалното, незаконското и неуставно Собрание. Тој тврди дека “Талат Џафери е легално избран“!!! Што друго би можел да тврди, бидејки во криминалниот избор и националното велепредавство тој е еден од клучните криминалци и чинители?! Гласање надвор од рамките на Собранието, надвор од деловникот, надвор од мизансценот каде тоа треба формално-правно да се одвива, гласање со две раце (каде девете раце од еден човек се бројат како два гласа) е криминал што не застарува. Тоа е криминал за кој Горан Мисовски ќе одрапа сериозна затворска казна во моментот кога оваа држава повторно ќе стане демократска и повторно ќе бидне република. Вака, додека е фашистички тоталитаризам, Мисовски сеуште ќе може да шета слободно. Но судбината на Пиноче, Франко, Чаушеску, Шакашвили, Маркос ќе го дочека и него и неговите криминални пајташи моментно залегнати во Собранието. https://youtu.be/IiYrX1McP-4
- “Допрениот глас“ веќе 23 години никако да стигне до ОЈО, иако редица сведоштва, текстови, книги, автобиографии, видео изјави на дузина луѓе велат дека зад неуспешниот атентат на Киро Глигоров стои тогашниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски. Ова дело, исто така, не застарува. Па ќе чекаме кога допрениот глас ќе стане глас на народот, а не како што е сега да е допрен газ.
Со правичното и аргументирано гонење на Мисовски, Фрчкоски и слични, ОЈО ќе докаже дека не е муштерија на крминалците (политички и дипломатски) што им ги прислушкувале разговорите во обвинителството.
Доколку пак нема такви процеси, доколку ОЈО заради “допрениот им газ“ продолжи да ги штити Мисовски и Фрчкоски и ги заташкува нивните злодела, тогаш ќе чекаме кога “ќе пропеат“, како што вели Христијан Мицкоски. Но ќе го чекаме тоа пропејување и како ден кога уценетите и корумпирани обвинители кривично ќе одговараат за своите постапки. Ќе го очекуваме денот кога нема обвинителите и судиите да бидат преземани од новата власт како веќе докажани извршители (како Кацарска, на пример). Ами ќе се направи детално проветрување, па со нови некорумпирани и неуценети деца да ја продолжиме борбата за Македонија.
М. Неделковски
06.12.18
Скопје 08.41 ч.
ПС
На двајцата млади полицајци што рано утрово дојдоа со наредба да утврдат дали местото на живеење ми е таму каде што зазвонија на врата, им посакувам среќни и спокојни новогодишни и божикни празници.
На тие што ги пратиле и ги злоупотребуваат, СЕ НАЈМИЛО ДА ИМ ЕБАМ.