Многу нејаснотии овие денови. Многу “магла“ фрлена или “пеперутки“ разлетани за да ни ја сокријат главната операција на убиството на Македонија.
Сите актери во нејаснотииве, знаејки или незнаејки, се учесници во замајувањето на јавноста.
Да појдам со ред:
- Александар Вучиќ кај Миомир Мариќ вели: “Ми немамо званичне податке, али процењујемо“!!! Во врска со кога, како и со кого Никола Груевски као влегол во Албанија?! Државата и претседателот што го имаа Живаљевиќ во Собранието на Р. Македонија и кој беше на отворена линија со Синиша Алексовски советникот на Претседателот Иванов, сега одеднаш “немамо податке, али процењујемо“!!! Натаму, во истото интервју кај Мариќ вели дека Груевски влегол и излегол од Србија со документ наречен “Пасаван“ кој му е навдно издаден на Груевски во унгарската амбасада во Тирана. Па така, ако Груевски илегално влегол во Албанија (“упатените“ велат со глисер кај Радожда) за да стигне до унгарската амбасада, зошто би си го копликувал животот па наместо таму да си помине од Македонија директно во Србија, па “Пасаван“ да си добие кај унгарската амбасада во Белград. Претпоставувам дека Маџарите немаат дадено ексклузива само нивната амбасада во Тирана да дава пасавани. Настпаот на Вучиќ мене ми личи на обид да се избегне обвинувањето за директно вмешување во логистичката и безбедносна поддршка што Груевски ја добил од него. Значи минуваш некаде источно од Прохор Пчињски кај пријателски, сроден и истконфесионален народ, па оди по пасаван во Белград. Нема логика да “пливаш“ до Албанија во држава која ти е еклатантен непријател, со различна конфесија и згора членка на злосторничка организација каква што е НАТО.
- Антонио Апостолски во синоќешниот настап на педерската телевизија на Боки 13 педерот, изјавил дека “недозволиво е судијата на предходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката (Сашо Мијалков) дека се бара мерка притвор. Мијалков би понудил патна исправа или гаранција“. Се согласувам дека е недозволиво, односно дека е сторено тешко кривично дело од страна на судијата или кривичниот совет. Но, во изјавата, според мене, нај јак дел е дека Мијлаков би понудил ПАТНА ИСПРАВА. Што значи дека било вистина што пишуваа Бобан и Миленко дека како награда за обебзедените 8 вмровски предавници, на Сашо му е вратен пасошот!!!
- Никола Груевски во својот последен ФБ пост, меѓу другото, вели: “Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле“!!! Не знам кој се тие “други личности“ на кој он мисли, ама можам да се присетам на Ѓенерал Пиноче, Имелда и Фердинанд Маркос, Хомеини, Реза Пахлави, Миша Шакашвили… Од друга страна, не можам да се сетам на некој кој избегал од Македонија, освен на Ванчо Михајлов(!!!), оти, како што вели Груевски, “во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација“. Сознанија за ликвидација имале Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Јане Сандански, Панко Брашнаров, Борка Талевски, Христо Узунов, Невена Ѓеоргиевска Дуња, Благоја Мучето, Ченто, Ѓоко Лазаревски, Ѓорѓи Карев, Чакаларов… – и, никој од нив не отишол по “Пасаван“. Односно никој од нив не се решил “Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија“ (цитат од ФБ а Н. Груевски) да ја направи ко него. Како ќе ја продолжи борбата?! Ќе собира салфетки од ресторани низ Будимпешта. Ќе се гаѓа со шекерчиња што се служат со меланж?! Ова заминување (не е бегство, оти си заминал со помош на – сите!), ја истакнува неговата карактерна особина која долго и успешно ја криеше: Бегање кога има проблем. Да потсетам, во било кој момент кога имаше некоја безбедносно напната дешаванка, тој беше во странство. На пример на 24-ти декември 2012-та за “собраниските настани“. И пред 27-ми април ја има отруено амбасадата во Виена како знаат да му направат некој состанок со некој меѓународен лик. Односно, пробал да купи состанок, само да не е во Македонија. Историјата ќе ги памети него и Влатко Ѓорчев како луѓе кои никогаш не биле во Македонија кога во нема имало драматични настани што би предизвикале немири. Од Премиерското место избега, иако имаше мнозинство во парламентот. Од претседателското место во ВМРО ДПМНЕ избега иако имаше апсолутна поткрепа од членството. Од изборите во април и оние во јуни 2016-та избега угодувајки му на Бејли.. Од законодавниот дом избега префрлајки ги надлежностите од Парламентот, во приватна резиденција во Пржино. Со милиони отстапки избега од уставот и законите на Р. Македонија. Ова со Будимпешта е последниот чин. И, веќе со години има забравено на народот, како основна сила и моќ. Никаде во неговата борба за “каузата“ не споменува народ! Никаде не го повикува. Не го повика ниту кога беше Пржино, ниту на 27-ми април, ниту пред референдумот, ниту пред и за време на гласањето на неговите кадри во собранието за преименување на државата. Никола Груевски во својата кауза нема народ!!!
- Соучесништвото на корумпираните медиуми е последна точка за која имам дума, две. Бесните соросписки кучиња, самонабедени дека се као новинари, кампуваа пред Шутка за да го начекаат велгувањето на Груевски во затвор. Дома му влегуваа со камери. Пред година-и-кусур дрмеа пред ПС Пролече и пред суд при распитот на “Ќосевци“, дремеа да го сликаат приведувањето на оперски пеачи, режисери, глумци, граѓани… И сеа, одеднаш, кога се приведува најбогатиот македонец спорд ФОРБС Орце Камчев (замислете во САД да го приведуваат Ворен Бафет), еден од најбогатите кај нас Панделевски Пелистерка и мега звездата за апсење Сашо Мијалков – НЕМА НИТУ ВИДЕО, НИТУ ФОТКА, НИТУ НЕКОЈ “СЛУЧАЈНО“ ДА БИЛ СО УКЛУЧЕН МОБИЛЕН!!! Па бе, ПРОЗИРНО ви е целото сценарио, бе! Шо е, као нема интерес да се овековечи Мијалков во лисици? Од целата “Империја“ се се сведе само на видео од Нено Јосифовиќ, службеник кај Орце?
Краток заклучок: Сашо Мијалков имал вратен пасош, баш како и Илија Димовски. По Никола Груевски немало потерница. Орце и Панделевски не платиле баш секаде каде што треба.
Како што кажа Путин во интервјуата кај Оливер Стоун: “Оној што му е судено да биде обесен, неможе да се удави во вода“.
Миленко Неделковски
на ден Именден
21.11.18 – Скопје
10.44 ч.