Денеска има закажано протест пред собрание во 18.00 часот. Не се сомневам дека ќе биде масовен како и оној на 27-ми февруари оваа година.
Секој што се чуствува МАКЕДОНЕЦ, секој што се чуствува излажан, изманипулиран, обесправен, истортуриран, малтретиран, приведен без причина, осиромашен – треба денеска да се појави пред Собрание во 6 попладне. Ние МАКЕДОНЦИТЕ немаме резервна татковина, јазик, историја… Ние МАКЕДОНЦИТЕ немаме татковина, јазик, историја, традиција, црква за раздавање. Ние сме свои на своето, и такви и ќе останеме. Ние МОРАМЕ ДА ЈА СРУШИМЕ ОВАА ФАШИСТИЧКА ДИКТАТУРА. Ние мора да ги сатвиме во зтвор овие криминалци и национални предавници.
Државата ја задолжија, нас не‘ осиромашија, историјата ја избришаа, јазикот го укинаа, државата је преименуваа, народот го обезличија – ЗА ОВИЕ КРИМИНАЛИ МОРА ДА ЛЕЖАТ. И тоа МАСОВНО.
Имав колумна која носеше наслов “А кога тоа и било лесно на Македонија“?! Стварно, кога? Кога замина од овој свет Аександар. Кога дивјачките хорди најмени од Римското царство ги рушеа сите објекти и ги убиваа сите умни глави на територијата Македонија. Или кога беше угушено Карпошевото востание? Или во време на Илинден, или во балканските, двете светски или во комунистичко??? Македонија секогаш на олтарот на татковината ги давала животите на најсветлите нејзини синови и ќерки: Мирче Ацев, Мучето, Дуња,Мирка Гинова, Страшо Пинџур, Војвода Христо Узунов, Тодор Александров, Гоце Делчев, Питу Гули, Панко, Ченто, Шишков, Драган Богдановски, Поштарот, Мујо, Саздо… Убиените кај Вејце, Карпалак, кај Бриони, Смилковско, во Диво Насеље… Кога тоа на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНЦИТЕ им било лесно? НИ – КО – ГАШ. Ниту после Букурешт, ниту после Второто заседание на АСНОМ, ниту после Лисабон, ниту после Охрид или после Пржино. Македонија секогаш била под напад и секогаш тоа било правено со помош на македонски одроди. Од Коте од Руља се до Крсто од Вевчани, Сашо и Љубен од Охрид, Еизабета од Пржино и Сашо од Мериот.
Сестри и браќа МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНКИ – ДА СЕ СОБЕРЕМЕ ВЕЧЕРВА. Со масовност, да му дадеме шанса на организаторот да го сруши собранието и владата. Со масовност да видиме дали се искрени намерите на организаторот на вечерашниот протест. Ако масовноста вечерва организатрот ја искористи да доведе до самораспуштање на параламентот – тогаш го заслужува нашиот респект и внимание, без разлика кој е. Но, доколку масовноста која ќе ја има не ја искористи за менување на власта СЕГА и ОДМА, тогаш ќе знаме дека и тие се дел од сценариото за уништување на вољата на народот кој сака промени.
Дали вечерва ќе има политиканти и кариеристи кои ќе се обидат да ушиќарат нешто за себе – ДА.
Дали вечерва ќе има истопурчени самокандидирани “кандидати’ за претседатели од страна на опзицијата – ДА.
Дали ќе има импланти на Оливер Спасовски – ДА.
Дали ќе има вметнато луѓе на Зоран Верушевски – ДА.
Дали ќе има вовлечено луѓе Сашо Мијалков – секако ДА.
Но, покрај сите тие, најмногу таму ќе има МАКЕДОНЦИ. Обичен, угнетен, незадоволен народ.
Крајно, дали ќе има репресија кон демонстрантите – Да, сигурно ДА. Оти кога градот го рушеа ордите на фашистот Џес Бејли (Адолф Хитлер) предводени од локалниот нацист Зоран Заев (Стефан Бандера), никој не беше повикуван на информативен разговор во полиција, немаше солзавец, пендраци, гумени куршуми… Зошто? Затоа што полицијата имаше наредба од “Минстерот братучед“ Сашо Мијалков да не реагира. Сега, “Министерот иден лидер на СДС“ Оливер Спасовски ја впрегнува полицијата во највисок степен на репресија. Сега се гледа, сега откако Сашо изработи со пратениците предавници од ВМРО ДПМНЕ, дека овој план за промена на име и устав бил уште од тогаш спроведуван. Со Мијалков како главен играч внатре во ВМРО ДПМНЕ. Па така сега, за искажан збор, еве за овие зборови што сега ги пишувам на пример, се вика на информативен разговор, се приведува и се поднесуваат кривични пријави, а тогаш за насилство и дивеење по улици, за уништување на народна сопственост немаше реакција. Оваа јавна лустрација ги покажа ликовите (Мијалков, Нино Тодоров и сл.) кои здушно и долго работеле на предавството на својата татковина.
Овој #Бојкотирам повика на протести. Друг јавно, засега никој.
На народот МАКЕДОНСКИ му треба повик за да се појави. Интелектуалците одбиваат да се на бина каде што ќе збрува Тодор Петров, но на протестот ЌЕ ДОЈДАТ да се со својот народ. Жидас Даскаловски, Горазд (не оној од Вашингтон), Цветин Чилиманов, Тања Каракамишева, Алекасандар Пандов, професори, уметници, писатели, членови на ВМРО ДПМНЕ…
Значи, да се видиме вечерва пред Собрание. Како што се видовме и пред суд, и пред министерство за правда, и во Битола, и на 27-ми Февруари, и на 2-ри јуни… Да се гушнеме, да си дадеме сила еден на друг, да се окуражиме, да побараме од организаторот на НЕ НЕ‘ ПРЕДАДЕ и да НЕ СЕ РАЗОТИДЕМЕ после два саата.
Државата мора комплетно да биде блокирана за оваа власт да падне. Дали одговорноста за почеток на такво нешто ќе го преземат организаторите од #Бојкотирам, не знам! Дали имаат толку кохонес, стварно не знам.
Но, ако се остане само на протестов, говори, пораки и пишани иницијативи – ќе биде уште едно разочарување.
Но, ако се мине во акција, ќе се ставиме рамо до рамо со Французите, Италијаните, Полјаците, Романците и Бугарите – со граѓаните на Европската Унија, тогаш оваа генерација ќе извојува победа.
Посакувам, од се срце се надевам дека од 18 часот и 00 минути ќе започне одбројувањето на падот на фашисо-нацистичкиот режим на Зоран Заев.
Со пријателите ние ќе се собереме бо 17.00 часот во Ирски во ГТЦ. Ко воли, нек изволи.
Миленко Неделковски Македонски
Скопје – Македонија.
18.11.2018 08.45 ч.