А не е, велам, дека немаше време или дека немаше можности?!
Една дузина години на чело на државата, илијадници поводи и милиони докази за криминали и предавства. А се’ се сведе на Велија и Коко (на С. Мијалков приателчето).
Останаа без прогон:
– Зоран Заев кој кај тебе во кабинет направи тешко кривично дело.
– Зоран Верушевски кој во кабинетот карши Сашо Мијалков направи тешко кривично дело.
– Емил Стојменов чии кривични беа ставени ад акта во најдолната фиока на Мијалков.
– Борис Стојменов за Скопјанка.
– Чедо Саздовски за насилство.
– Зоре Темелковски за шекерот.
– Владе Милчин, Сашо Орданоски, Бранко Героски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов, Саки Кировски, Џабир Дерала за велепредавство и подривање на Уставниот поредок.
– Андреа Јосифовски за манипулирање на акционерите.
– Хари Костов за Диме Поштарот.
– Владо Бучковски за тенковите и за Струга.
– Радмила Шекеринска и Бобо Дајнерс за-што-ли-уште-не.
– Мите Лимунада за арсен во Кожувчанка.
– Амди Бајрам за ГТЦ.
– Синиша од кај Иванов за велепредавство.
– Али Ахмети, Таљат Џафери и цело ДУИ за злосторства против човештвото.
– Артан Груби за Кале.
– Теута Арифи за Тетово.
И десетици други за чив криминал и антидржавно однесување е сведок целата јавност.
Ама, кога требаше да апсиш ти не апсеше. Ами со Хари Костов, Минчо Јорданов и слични правеше бизнис зделки братучед ти, а со шиптарите правеше политички непринципиелни зделки ти.
Ти не апсеше, затоа тебе сега те апсат. Жално е за твојата фамилија, тебе, цела Македонија и сите нас во неа да доживееме најуспешниот премиер во независна Р. Македонија вака да биде блатен и бламиран на јавна сцена. А крајно да биде и затворен со пресуда за нешто што не е криминал.
Сега ќе лежиш без криминал. Нема да си единствен. 12 години не успеа да го реформираш судството и да ги набркаш кадрите на Ленче Софрониевска.
Ќе лежиш и во “година пролази а дан нече” расположение ќе можеш да размислиш каде ти се грешките за избор на лоши потези, очајни соработници и катастрофален PR.
Но, ние сите другите ќе имаме потешка судбина од твојата! Заради тоа што ти на тацна и без отпор (доброволно) му ја предаде државата на Заев, ние не по наша вина ќе мораме на документите да сме “северни”.
М. Неделковски
05.51 ч.
10. ноември 2018