Во Хелсинки, како во некој нудистички камп, комплетно се соголи севкупната белосветска фашистичка стратегија за укинување на Македонија како држава и бришење на МАКЕДОНЦИТЕ како народ.
Во Хелсинки, всушност, видовме колку била силна, долготрајна и прецизна стратегијата за фашистичка окупација на Македонија. Во Хелсински реализаторот (Брисел) на мрачниот план на “Длабоката држава“ (Вашингтон) покажа колку длабоко и кај кој ликови бил навлезен уште од почетокот. Јасно и очигледно стана како ВМРО ДПМНЕ била постепено размонтирувана.
Во Хелсинки овие денови видовме кои ликови биле пенетрирани до самиот врв на ВМРО ДПМНЕ за да ја одиграат валканата игра за НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО и укинување на Македонија.
Хелсинки покажа зошто лик како Никола Тодоров толку здушно се трудеше да направи штетни по државата и народот “Пржински“ договори (колку само Суле и Луке на брифинзите во Владата беа поносни на достигнувањата на Нино!!!), и зошто лик ко Сашо Мијалков дозволи она што го прислушкувал да го сподели со тајните служби и амбасади на Италија, Б. Британија и САД.
Во Хелсинки продефилираа подопашниците на Џеси Бенгази-да-ти-се-деси Бејли Петар Богојески, Никола Тодоров и Емилија Александрова блиската роднина на Сашо Мијалков. Односно Емилија е таму, всушност како Сашо да е таму, за ем да биде присутен ем да не биде јавно покажано дека пасошот му е вратен.
Дури во Хелсинки Никола Груевски виде кој се кадри му беа инфилтрирани во партијата (вклучително и најбилски роднини), за да може ВМРО ДПМНЕ да биде контролирана, а ако излезе од очекуваниот ракурс, да биде уништена.
Нема пример во историјата на ЕПП (Европските народни партии) да набркани и нелојални членови на било која партија членка на оваа асоцијација, бидат поканети да присуствуваат на ивентот. Па, згора на тоа да остварат средби со сите видни актуелни функционери на ЕПП. Македонија, како и во се друго, е прва земја на која тоа и се случува.
“Ударот Хелсинки“ беше засилен и со писмото (уште едно) на Сашо Мијалков, повторно кон Христијан Мицкоски. За очекување беше, доколку се работи за патриот и македонец, Сашо Мијалков да напише писмо со извинување до Македонскиот народ за предавството кое го има направено, извинување заради соработката со странски фашистички служби на штета на Македонскиот народ (нарочно со големо “М“), извинување за поткопување и уништивање на монолитноста на ВМРО ДПМНЕ… Тоа би било писмо во кое би барал прошка… Тоа е за очекување ако се работи за маж. Но, ова писмо што го напиша е за очекување доколку се работи за клиент, должник и соработник на Џес Бејли.
Исто така, беше за очекување Сашо Мијалков да напише писмо со извинување до братучед му Никола Груевски, барајки прошка што чедото на сестрата на татко му ќе го прати на долгогодишна робија.
Досега тивкиот Сашо Мијалков, човек кој една дузина години беше на чело на тајната полиција, за кое време не даде ниту едно интервју ниту пак изјава, кој не гостуваше на ниту една телевизија или радио – сега се распиша писма како Бонапарта кон Џеозефина. Писма кои покажуваат дека интензивно се обидува да ја ишшка мувата од капата.
Сашо Мијалков, човек и фамилија кои својата првобитна акумулација на капитал ја направијаа на источната КОМУНИСТИЧКА страна од железната завеса, во државата членка на Варшавскиот пакт Чехословачка, преку писмата се обидува на човек како Христијан Мицковски со дипломи, визитинг професорски ангажмани и бизнис партнери ИСКЛУЧИВО од Запад, да го наклевети за некакво про-руско однесување (писмото од С. Милаков е истородна пропаганда како и на соросовиот оркестар на Героски, Орданоски, и слични што обвинуваат за про-руска ориентација) преку делот од писмото кое вели “твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат а да си побаравме ние друг партнер, на исток“. Накај исток беа свртени покрај Јордан Мијалков, и татко му на Сашо Орданоски (воено лице од ЈНА), татко му на Борјан – Мето Јовановски кодошот, татко му на Владе Милчин – Илија со своето службување во Горна Џумаја, Бранко Тричковски, Ана Пановска, Тихомир Илиевски, Тито Петковски, Стојан Андов, Раде Огњановски Глава и стотици други зависници од наредбите од Маршалатот во Белград и Коминтерната во Москва. Немам намера да го бранам Христијан Мицкоски, моите ставови кон него се јасно напишани низ мои колумни кои овде постојат и се доказ, но да му се наметнува фаќање “руска страна“ е покажување на очај во стратегијата на рушачите на ВМРО ДПМНЕ.
Хелсинки, крајно, покажа едно ЈАВНО ПРИЗНАНИЕ!!! Да, да… Фашистичките влади на Германија, ЕУ и слични, покажаа дека им е јасно оти ЕДИНСТВЕНИОТ анкер, историски докажано, за кој се врзува МАКЕДОНСКИОТ народ е Организацијата, е ВМРО. На фашистичката западна алијанса апсолутно им е јасно дека МАКЕДОНСКИОТ народ без разлика дали имал автономија во Отоманска империја, без разлика на статусот на Македонската црква, без разлика на бугарска фашистичка окупација во втората светска војна, без разлика на Социјалистичка република во рамките на СФРЈ или сегашната поробена држава од фашистичкиот окупатор од Кале спроведена преку домашните колабрационисти на чело со Заев – единственото околу кое се држи И ЌЕ СЕ ДРЖИ се 4-те свети букви ВМРО. И, токму затоа, со инфилтрирањето на кадрите на Сашо Мијалков и обидите за пуч од страна на Нино, Бунтур и Мите Лимунада, фашистите од “запад“ атакуваат да го уништат единственото кое го држи овој народ на куп. Јасно им е дека можат да донесат сто заеви и да имаат милион прислушкувања, духот на Македонецот и неговата верба и посветеност кон ВМРО не можат да ја уништат.
Затоа е ударот кон Мицкоски (очекувале тој да биде некој со карактер и кичма ко Мите Лимунада), затоа е ударот кон ВМРО ДПМНЕ, затоа е бламажата што Мицкоски ја доживеа со двојно-тројната покана во Хелсинки.
Според мене, добро е што се деси Хелсинки! Хелсинки е уште една етапа во овогодишната јавна лустрација што со Божја помош се спроведе низ Македонија. Бизнисмени, певачи и певачици, екс фудбалери и ракометари, глумци и глумици, избегани од под лопатата на гробарот ко Андов и Петковски, најголемиот дел од МАНУ и УКИМ, заклучно со огромен број високопозиционирани членови на ВМРО ДПМНЕ јавно се избламираа и изилустрираа пред севкупната Македонска јавност. Никакво писмо од Сашо, никакво барање прошка од Крсто, никаково курчење од Лимунада, никакви закани за не вршење притисок НЕ ПОМАГААТ.
“Притисокот“ тие ликови ПРЕДАВНИЦИ ќе си го трпат за време на целиот остаток од нивниот беден живот, а ќе биде пренесен и на нивните пколенија. Некој син или внук, ќе биде внук на предавникот Крсто, син на предавникот Сашо, фамилија на предавникот Лимунада…
Од тој притисок нема бегање. Хелсинки тука не помага. Ете ви 2-3 дена шведски стол за доручек, ручек и вечера во елитен ресторан, селфи со фашист како Хан (за да остане доказ, како сликите на Цар Борис со Хитлер), соопштение кое веќе денеска е заборавено за што е и од кого е… Останува вечнат налепница ПРЕДАВНИК.
Миленко Неделковски
Во очекување на нови кривични пријави од ОЈО,
Прогони и претреси од МВР, закани од амбасади…
Македонија, 09.11.2018