Тања Каракамишева:
Елизабета Канчевска-Милевска од собраниска говорница ги повика лидерите на “консензус и доаѓање до одржливо решение за суштински измени на некои работи во договорот?!“.
Бети, знам дека не си правник и не ги разбираш најдобро правните категории ама договорот не само што не постои формално-правно, туку тој е ништовен и во содржината.
Лидерите имаа многу можности до сега да постигнат консензус, да бидат вклучени заедно во процесите ама не заборавај дека Заев и Димитров играа политичка мижи татара со сите вклучително и со вас пратениците. За каков консензус зборуваш сега кога работите отидоа предалеку, кога референдумот не успеа?
Наместо да бараш консензус и партиски договор треба да викнеш во говорница -Заев, време е за твоја оставка, а на СДС да му кажеш вие повеќе немате легитимитет да ги застапувате интересите на граѓаните!
Вие ги предадовте интересите на државата!