Фудбалска Заливска војна

Фудбалска Заливска војна

“Војната“ за превласт што земјите од Заливот ја водат со децении, сега се префрла и на фудбалски план. Поголемата, а со самото тоа и помоќна Саудијска Арабија сакајки да го оцрни малиот но богат Катар, се обидува да ја бајпасира оваа мала државичка преку соодветен зол план.

Водечките луѓе од Ријад се зафатија со сериозен план за преземање на Светското фудбалско првенство во 2022-ра, на кое инаку домакин би требал да е Катар. Како опција за Саудиска Арабија, доколку комплетно не го презеде односно украде Светското првенство, е барем да бидел делумен домакин.

Доверливи документи потврдуваат дека Саудиска Арабја и Обединетите Арапски Емирати имаат склопено макјавелистички план за рушење на добиениот мандат за Катар да организира светско фудбалско првенство.

Во следниве месеци започнува огромна и многу богато финасирана кампања со која ќе се влијае врз првите луѓе на ФИФА да ја укинат, или барем да ја променат одлуката во врска со Катар како домакин.

Еден од документите има наслов “Опцијата на ФИФА“ каде дословно стои реченицата “GCC (Советот за соработка во Заливот, кој вклучува Саудиска Арабија, Оман, Кувајт, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар) турнирот да му се додели на регионот во целина“. Натаму се вели дека “Со нашиот пристап кон ФИФА ќе покажеме дека фудбалот може да биде идеална алатка за стабилизирање на регионот“.

Секако, било која светска организација, па така и ФИФА, лесно би паднала на овие “аргументи“.

Од друга страна, блиската врска на Џани Инфантино Претседателот на ФИФА и Саудискиот принц Мохамад Бин Салман е клучен фактор во оваа “Трета Заливска војна“.  Минатиот март,
светскиот фудбалски шеф доби огромна понуда од 25 милијарди долари
долари од Саудијците за организација на  Светкиот клупски фудбалски
Куп.

Според плановите на “преземачите“ на светското првенство, во 2022-ра првенството би се играло со 48 екипи, а не со 32 како што досега беше планирано.

Ова екстра-екстра-ларџ  XXL  светско првенство Катар сам не може да го организира, пред се поради малата територија на државата.

Во доверливиот извор од кој овој текст црпи податоци се вели: “Ние мора да и нацртаме
на јавноста, односно да обрнеме внимание,  така да сите почнуваат да изразуваат сериозни сомнежи околу
способноста на Катар  да биде домаќин на Светското првенство “.

Овој фудбалски “државен удар“ може да биде главен геополитички удар во регионот. Против Доха се и последиците од бојкотот што го доживеа Катар 2017-та а и оваа 2018-та од страна на Саудиска Арабија, ОАР, Бахреин, Египет, Малдиви, Мавританија, Судан, Сенегал, Џибути, Коморски острови, Јордан, Либијската “влада“ од Тобрук, и Јеменската влада на Хади.  На Катар му беше оневозможено да има увоз на материјали и фреквенција на луѓе. Проблемт со можноста навивавачите да патуваат слободно низ регионот е нешто кое има глемо знаечење врз секое решение на челните луѓе на ФИФА.

Гледано низ призмата на меѓународните финасии, Катар ги насочува сите  свои финаснсиски резерви кон
заштита на девизните и домашните кредитни пазари, па така има се помалку ресурси за финансирање на инфраструктурните трошоци.

Така наречениот Катар Башинг, или во слободен превод јавен медиумски линч на Катар, лесно може да се претвори во див шумски пожар што ќе се пренесе низ целиот свет.

Големиот сосед Саудијска Арабија подолго време прибегнува кон приватни истраг кон својот мал сосед Катар. Првичниот обид за медиумска атракција полека станува многу по професионална истрага. Платформата каква што е Катарликс во последниве едели е прплавена со информации и гласини околу вистинската финасиска моќ на Катар.

Таквите обвинувања, подоцна се превземаат од лобисти што работат во корист на САД. Таканаречениот “Саудиско-американски комитет за односи со јавноста“ SAPRAC лоциран во САД е еден од  најактивните во оваа фудбалска аѓенда. Тука се вклучени и огромен број на комуникациски фирми кои работат во интерес на Саудиска Арабија во земјите од “цивилизираниот Запад“, какви што се APCO Worldwide, потоа фирмата Havas лоцирана во Франција чив пот-претседатепредседател на компанијата Стефан Фокс е задолжен за креирање на имиџот на Мохамед Бин Салман, A+ Conseil од Париз, Blackcube од Лондон…

Оваа “Фудбаласк Заливска војна“ која е на самиот почеток, веќе има внесено хаос во фудбалскиот свет.

ФИФА, како и во случајот со иницијативите за бојкотирање на првенството во Русија, или како со контраверзниот избор за домакин помеѓу САД и Мароко, овторно ќе го втурне фудбалот во рацете на тие каде што не треба да биде – политичарите.

 

 

05.09.2018