МЕРАКЛИЈКИТЕ од СДСМ

КОГА НАШИТЕ ГИ ОНАДАТ ВАШИТЕ

 

Бидејќи бомбите на Заев не донесоа ефект кој СДСМ го очекуваше, нивниот штаб премина на нова фаза – објавување сексуални оговарања, за почеток преку нивните портали задолжени за валкани задачи.

Во СДСМ, како такви, веруваат дека тоа ќе побуди повеќе интерес од монтирањето туѓи приватни телефонски разговори на тема политика, и ќе покаже дека Сашо Мијалков, Латас, Мартин Протоѓер или Никола Тодоров лошо ја вршеле својата работа затоа што биле сексуално поактивни од другите.

Но, какви што ги дал господ, аргоантни, затворени во своите тесни кругови, мрзливи, импотентни и збунети Социјалдемократите од една влегуваат во друга, поголема утка.

Покажуваат дека тоа е нивното ниво – оговарачко, воајерско и сеирџиско, а политика, програми или некои резултати од корист за граганите – нема ни на повидок.

Кога пишуваат за сексуалниот живот на Сашо Мијалков, треба да напишат и дека најмалку две функционерки на СДСМ блиски на Црвенковски, едната во последно време и медиумски активна, биле дел од сексуалниот камп и портфолио на Сашо Мијалков. Ако кон ова се додаде и една уредничка и ТВ водителка, мераклика на банкари, која во време на протестите пролетва пред влада се експонираше и повеќе од функционерите на СДСМ, листата на сексуални робинки на Мијалков од редовите на високопозиционираните Социјалдемократи е респективна. Затоа, Заев и Шекеринска и му се лутат на Мијалков.

А Шекеринска посебно има причина да биде лута затоа што меракликата на банкари често се јавува како конкуренција во нејзиниот бурен женски живот, па и брак.

Шекеринска беше со години во кругот на омилени конкубини на Црвенковски и така напредуваше во кариерата, а кога за една Нова година го донесе тогашниот свој дечко, а денес сопруг Бобо Дајнерс на пречек во хотелот на Комерцијална банка во Маврово, Црвенковски збеснал па двајцата ги избркал од прославата.

Кога Социјалдемократите пишуваат за сексуалниот живот на Латас, и да бараат докази дека тоа го прави полош новинар од она што е, можеле да прочитаат во белградскиот таблоид Свет за неговите интимни односи со Северина и Наташа Беквалац, каде што е напишано се до детали – со име на хотел, време и опис на настанот, плус и слики со Северина и Беквалац.

Но, Социјалдемократите не читаат, тоа е познато. За да почнаат да читаат, нека тргнат од ова: да испитаат за интимните врски на Латас со Шекеринска, особено на една ноќна забава во Сител на која учествувал и врвот на СДСМ, предводен од Црвенковски. Во текот на ноќта Латас и Шекеринска, пијани, ги снемало на саат-два по канцелариите низ Сител а кога се вратиле Црвенковски бил лут, бесен па откако ја изругал Шекериснка пред сите ја собрал екипата и си заминале. Сведоци на настанот се Бранко и Наташа Савова.

Утредента, во кафеаната Син клуб во штабот ан СДСМ, имало средба на која биле присутни Бранко, Латас, Ѕинго мал и Гештаковски на која бурно се расправало за ова, и дошло до груба кавга помеѓу Бранко и Латас по што пријателството завршило, и оттогаш Латас и Бранко не зборат меѓу себе. Женскиот гнев на Шекеринска од тој ден па наваму кон двајцата, и кон Бранко и кон Латас, можете да го видите секој ден.

Инаку, според извори од СДСМ, Латас прилично ги користел нивните ресурси за секс. Па така, според тие извори, имало релации со млада социјалдемократска функционерка од Битола, една потпретседателка и една министерка од СДСМ, како и две миленички на Фрчкоски кои учествувале во неговите сексуални оргии во Министерството за внатрешни работи додека тој бил министер, а кои потоа се покажае и како добар извор на информации за активностите на Фрчкоски и СДСМ.

Не поминала незабележано ни Нора Шакири, сегашната миленичка на Црвенковски, и во зрели години новокомпонирана новинарка, уредничка во партискиот портал Репортер.

Инаку, познато е дека во СДСМ меракликите ги имало отсекогаш, па цела сурија директори добро познати на јавноста таму имале свои љубовници.

Заев можеби мисли дека само во Струмица знаат за неговите сексуални релации со струмичката пејачка ѕвезда, но ред е за тоа да се дознае и низ Македонија.

Неколку министри на СДСМ, познати универзитетски професори како Т.Ф, Ѓ.С, Љ.Ф, Н.Р… додека биле на функции од државни пари плаќале секс со колешки пратенички од партијата, пејачки, новинарки блиски на СДСМ, особено некои блиски на банкари.

Познато е дека пратеничката на СДСМ од Битола, Весна Бендевска, се разведе поради врска со колега од пратеничкиот клуб на СДСМ. Шемите на Бузлевски со активистки и функционерки на СДСМ се легендарни, до толку легендарни што Бранко го доживувал како конкуренција која треба да се отстрани.

Новите генерации се држат до старите навики. Потпретседателите на СДСМ Ана Данева и Гордан Георгиев биле долго време многу повеќе од колеги. Зрачеле од среќа.

Меракот за секс кај Социјалдемократите има и друга страна, хомосексуална. Еден од познатите примери, а да не е од соросоидите, е новинар од кабинетот на Бучковски кој е фатен во секс со колега новинар од Словенија, за време на НАТО самитот во Прага. Оттогаш, тој истакнат член на премиерскиот кабинет на СДСМ напредува и со помош на професорите од владата на СДСМ завршува и правен факултет.

Затоа, кога влегуваат во новата медиумска акција, овојпат со сексулани бомби, СДСМ да размислат дека ќе поминат и полошо од претходната бомбашка парада.

 

Истражувачки тим на Дудинка

02.10.15 / Македонија