Ако си исвиркан и пцуен на Илинден од сопствениот народ, ако те нарекуваат предавник и апаш пред камери, ако нема ден да помине без скандал и афера, тогаш доколку имаш основно чувство на срам и достоинство би требало самиот да се повлечеш.
Но бидејќи СДС не знаат за срам, како најголеми бедници од позиција на сила најавуваат дека ќе ги апсат свиркачите.
Толку покажување сила на народот не изгледа дека ќе заврши добро. Хунтата дури успеа да ги обедини сите (!)навивачки групи против нив.
Треба сериозно да размислат што прават, бидејќи не носат во диктатура и конфликт, а тогаш црно им се пишува. Да не зборуваме дека се пред (нелегален) референдум кој народот масовно ќе го бојкотира иако е заплашуван дека за уши ќе го носат на гласачко место. Затоа ум во глава…
#Бојкотирам