Boban Makedonski Nonkovik is feeling disgusted.
“Се моли претседателот на земјата да престане да ги злоупотребува своите уставни овластувања и да ги почитува основните демократски вредности, што во случајов е волјата на мнозинството во парламентот!”
Се сеќавате на оваа реченица? Да бе, секоја меѓународна експертутка и претставник на САД, ЕУ, НАТО, Канада, Свазиленд, Нов Зеланд, Сао Тома и Принципе итн. ни ја кажуваше на нас, небањатите Македонци, а во однос на (не)давањето на мандат од страна на нашиот претседател Иванов на Црпнатиот, а поради намерите (што се обвистини со Тиранската платформа, договорот со Татарите и преименувањето по желба на Грција) на странскиот наемник во Македонија да се разнебити македонската држава.
Е, сега во случајов со Италија, втората европска лулка на демократијата (по Грција, разбира се), земја-оснивач на Европската унија и НАТО, тоа не важи, оти стокмената влада од коалиција на ултра-леви и ултра-десни (според основните демократски вредности и почитување на волјата на мнозинството), има(ше) намера напуштање на Еврото (оти им збоктиса да работат за Грците), а во догледно време и да организираат “Италегзит”, т.е. референдум за излез на Италија од ЕУ.
ЕУ, “меЏународна” и другите, одамна сум кажал (најчесто кај Јанко во емисија) дека хипокризијата и двојните стандарди се она што ве јаде однатре и поради кое еден ден ќе пукнете како меур од сапуница!
https://www.bloomberg.com/amp/news/articles/2018-05-27/italy-s-president-vetoes-candidacy-of-euroskeptic-savona?__twitter_impression=true