Вчерашната убедлива победа на Орбан у Маџарска, како и онаа на Путин пред некоја недела у Русија, јасно кажува кон каде се движи светот.
Вчера Телма емитуваше документарец на Оливер Стоун “Разговорите (Интервјуата) со Путин“, каде што човекот рече дека богатствто не го прави човека среќен, дека ќе мора богатството да го крие, да му се грижи, да го брани… Многу работи кажа и за патриотизмот и сакањето на својата татковина.
Ова е најавата. На Макс ТВ ви препорачувам да си ја прегледате Телма.
Со исти пораки беше и синоќешното победничко обраќање на Орбан.
Светската интелектуална и некорупирана елита јасно гледаат каде оди светот. Путин, на пример ќе биде Претседател на Русија до 2024. На пример Трамп, веќе од идната 2019-та ќе влезе во циклус на партиски изборни пресметки, а веднаш потоа и на сојузно ниво.
За разлика од Трамп кој сеуште не ја исуши Вашингтонската мочвара, Си Џипинг, Башар Ал Асад, Ердоган, Орбан и какао капак на се‘ Путин се зацементирани на своите позиции со огромното мнозинство од гласови на своите сонародници.
Оваа реалност не можат да ја видат Заев и Шекеринска, апсолутно слепи за ова се Пендаровски и Ружин, а и раководството на доскоро Македонската револуционерна организција Мцкоски-Николовски-Ѓорчев-Јанчев е апсолутно несвесна за ситацијата на светската шаховска табла. Несвесна, во исто време значи и неодговорна пред своите сограѓани. Сигурен сум дека ова го гледа Иванов, но уште посигурен сум дека нема кохонес тоа јавно да го презентира и помош да побара од таму од каде што треба.
м/н/
09.04.18