Има само една страна -МАКЕДОНСКА

Има само една страна -МАКЕДОНСКА

Премногу се разгори дебатата, па и непријателствата, во рамките на истата, кога станува збор за “фаќање страна“! Едни се за исток, едни за запад, трети за далечен исток… И се‘ така. Фаќаме страна на некои моментални сили кои се преку мориња, планини, реки и океани.

Ретко некој ќе напише дека не е ниту за исток, ниту за запад, туку за себе. Односно за нас самите.

Дебатата за “фаќање страна“, ја има и во конкуренција на локално ниво. На едни им е арно со Грција оти таму имаат убав шопинг, евтин одмор и добро ѓезме. Другите се за Албанија оти се албанци. Трети, тие најмалку ги има, се за Бугарија. И сами не знаат зошто, ама имало многу наши со бугарски пасоши, демек. А што причината е економска а не идентитетска, не успеваат да дофрлат да видат. Последната група е онаа за Србија. Нив ги им се помалку. Изумреа генералите, полицските функционери, полковниците. Останаа само оние што и после 40-50 години живот не научија Македонски јазик да зборуваат! А, научија кинезите што градат автопати, научи Раул, научија амбасадорите, научи балетанот од Јапонија…

Сепак, во една ваква навијачка атмосфера за “фаќање страна“, каде што секој тврди дека неговата страна е поарна за нас Македонците од другата некоја си страна, убаво би било да се подвлече црта. И, да се утврди, без фаќање страна, која од соседните страни најмалку ни прави штета и најмалку ни оспорува.

Знаејки дека е јасно дека Албанија на запад ни сака пола од територијата, Бугарија на исток не ни признава црква, јазик, народ и историја, а Грција на југ сака воопшто да не‘ нема вакви какви што сега постоиме – јасно е дека овие три страни се апсолутно непријателски, и со нив нема никаков договор. Оти црвените линии им започнуваат таму каде шт о престанува постоењето на Македонската држава, народ, нација, јазик, историја и црква.

Останува, значи, северниот сосед. За разлика од Албанија, Грција и Бугарија тоа е сосед кој е нападнат и осакатен повеќе дури и од Македонија. Таквиот сосед, односно дел од неговите интелектуалци, бараат утеха во сознанието дека на Македонија и е потешко отколку на Србија. Иако, ако погледнат во својот двор ќе видат дека ниваната легитимна територија (и според историја и според Бога и според резолуции на СБ на ООН) Косово и Метохија е место кое не може да го посети нивниот Претседател, Премиерка, министри – никој. Ќе видат и дека имаат огромен проблем во делот на Нови Пазар, Сјеница и Пријепоље каде влијанието меѓу народот го има Бекир Изетбеговиќ а не Александар Вучиќ. Ќе видат и дека проблемот со не-нивната црква во Црна Гора е ист како нашиот проблем со не-нашиот Зоран Вранишковски.

Историски гледајки, Бугарија, Грција и Албанија се апсолутно истите географско-политички субјекти и сега, но и кога биле окупатори на делови од Македонија. Само Србија е по мала од што била кога била најсилна. А, апетитите, без разлика на големината, им се исти.

Ако е човек со трезвена глава, лесно ќе заклучи дека ние како Македонци и нашата држава како Македонија (независна или онаа во рамките на СФРЈ), најмалку идентитетски, територијални, историски и црковни проблеми сме имале кога сме биле дел од заедницата на 6 републики и 2 покраини.

Затоа ми смета кога она што било арно или лошо од времето на СФРЈ се помешува и поистоветува со сегашното однесување на Дачиќ или порнешното владеење на Кралството Југославија (односно СХС). СФРЈугославија беше се‘, само не беше кралство на Караџорџевичи. И беше се‘ само не оваа денешна кадровски и територијално карикатура од држава.

Затоа, ако фаќате страна, било која, поштено би било да разликувате што е што низ историјата. СФРЈ беше водена од, и сите во тогашната татковина го обожаваа и градеа култ на личноста на –  хрват (мали Јожек  – машинбраварот). Идеологијата на комунизмот и социјализмот ја создаваа и имплементираа словенци (Кардељ, Доланц…). Економијата ја водеа босанци, хрвати и словенци (Бједиќ, Шпиљак, Рибичиќ, Микулиќ, Планинц, Марковиќ…), војската краишници (Мамула, Јованка…) – најмалку од се‘ срби. Така да СФРЈ не беше Србија, ниту Кралство Југославија. Со погибијата (убиството) на Крцун и политичкото отстранување на Коча Поповиќ (по потекло од Гопеш – Битолско), срби никогаш не ја водеа СФРЈ.

Откако тоа ќе го утврдиме и на историјата со факти ќе се потсетиме, може да се продолжи да се “фаќа страна“.

Тоа значи дека СФРЈ не е виновна за масакрот во рамките на Тиквешкото или на Охридско-Дебарското востание, на пример.

Секако, на таа држава со право и се ставаат на терет злосторствата на Кале, егезкуцијата на затворениците од велешкиот и штипскиот затвор, заминувањето на Срем наместо на Солун, Голи Оток (на Голи Оток имаше од сите Ју-националности, не беше тоа само македонска ексклузива)…

Но во рамките на таа држава, која се распадна 1991-ва, значи во рамките на четири-и-пол децении, Македонскиот народ создаде равноправна република (држава) прв пат по 23 века. Мала, во рамките на поголем сојуз на држави, не територијално комплетна, ама сепак држава. Наша држава.  Држава со Устав, закони, Универзитет, кодиран јазик, Академија на науки, музеи, архив, влада, органи на управа, телевизија, радио, дневни весници, неделници, уметници, спортисти, дипломати, сојузни функционери… Сето ова го немаше под 4-годишната окупација од страна на Бугарија, ниту пак додека бевме третирани како Вардарска бановина под окупација на кралството од Белград. Секако, го немавме и во рамките на окупацијата (Боцевски политички коректно би се изразил “менаџирањето“) од страна на Отоманската империја.

Да заклучам, односно под есапов, да подвлечам црта. Од Александар Македонски наваму, единствено комплетна (општествено-политички, не и територијално) и НЕ ОСПОРУВАНА држава сме имале кога сме биле рамноправен (формално – правно, не и кадровски) субјект во рамките на Југослоенската федерација.

Доколку тука се додадат бенефитите како бесплатно школување, социалниот момент, вработување, редовни пензии, зимски и летен одмор секоја година, стан во Скопја и викендичка на село, безбедност, мир, спокој, силна армија, неоспорувана територија, општо признат јазик (катедри низ сите земји), неспорно име и идентитет, скурдепасни шиптари – јасно е дека се поставува прашањето за тоа кој знае кога, и дали воопшто, ќе има ситуација Македонија и Македонскиот народ да имаат некогаш држава со такви параметри.

Да ги разочарам бугарољубците и албанските албанофили. Ова не е југо-носталгичен текст. Ова е математички прецизно (Мицкоски) набројување на добрте и лошите страни што сме ги виделе при усојузување во “Титова Југослаавија“ во споредба со окупација под бугарска и српска чизма.

Текстов, се надевам, дека ќе е воедно поттик да се набројат добрите и лошите страни на кои читателот ќе се сети, бидејки јас немам ниту толкаво знаење ниту можност на се да се потсетам.

Текстов воедно ќе е и место болните умови на бугарофили, србофили, грокофили, албанофили, бриселофили, амерканофили да се изнапишат навреди, етикети, гадости и бедотии – во недостаток на аргументи.

А, за да избегнеме непотребни натегања, ви постирам два аргумента кои се напишани од Љупчо Златев во вчерашаната и денешна тепанца кај него на ФБ:

  • Секој кој се противи на бугаризацијата на македонската нација е србоман. Ова е иначе е теза на Божидар Димитров…
  • Али има една генеричка грешка. Србија е единствен сосед кој не ја негира самобитноста на Македонскиот народ, така што нема резон човек да биде Србоман… Како да сакаш да бидеш Србин кога Србите ти викаат дека не си Србин туку Македонец?

 

М. Неделковски

080.04.2018