А Бобан Нонковиќ бе, брату Амдуш?

А Бобан Нонковиќ бе, брату Амдуш?

Се позачестени и поинтензивни се тврдењата дека влдата на Заев ќе падне до лето! Особено после пишуванките и настапите на идеологот и финасиерот на шарената револуција Милчин, овие желби и тврдења добиваат на интензитет.

Немо наормален човек во Македонија што не би сакал тоа да се случи, па да се ослободиме од јаремот на фашистичките колабрационисти и од македонскиот Видкун Квислинг… И, секако, нема член на ВМРО ДПМНЕ што не сака нивната партија повторно да застане на чело на државата. Тие членови би проголтале и “реформисти“ во следниот кабинет на “хируршки прецизниот“ Мицковски, би прифатиле и “достоинствено решшение“ за името, иако име имаме – само полиглотата од Муртино да заврши на буниште.

Искрен да бидам, па не може се да е идеално во живото и многу често бираме од две зла, помалото. Односно, ако човек е ставен во позиција со гласање на “вонредни“ да бира помеѓу Коко Бојаровски, Цацко Конопишки, Амон Сра, Ѓунер Исмаил, Царовска, Ременски, Алаѓозовски од една страна, и  “реформистите“ на Џабир Дерала вметнати во ВМРО ДПМНЕ (плус Николовски, Ѓорчев, Рангелова…)   – јасно ќе е за кого ќе се гласа.

Немајки намера никого да дезавуирам, ниту пак некого да промовирам, мислам дека ќе се согасите дека неколку ликови од партијата ВМРО ДПМНЕ се исклучително гласни на ФБ во врска со паѓањето на оваа а доаѓањето на новата власт ова лето. Најголемиот дел нив се добронамерни ликови, верни членови на партијата, болни затоа што пред 14 месеци им беше одземена победата, посветени на враќањето на десната опција на власт…

Таков лик е братот од Гостивар – Амдуш Демири. Тој пред 10 часа ќе напише: “I konecno,od provereni izvori ja dobiv dolgo ocekuvanata informacija…PADA VLADA….“. Тие “проверени звори, според мене, се или Јанупев или Мицковски.

Брату гостиварски, сите сакаме оваа влада да падне. Тука нема дилема.

Но бидејки ете имаш информации од прва рака, за кои велиш дека постојано се остваруваат, би сакал да прашам неколку работи, за да можам да ги евидентирам. Односно уште од сега сакам да знам, дали НОВАТА ВЛАСТ што ќе дојде ова лето ќе:

  1. Ќе го врати твојот пријател Бобан Нонковиќ за дописник на МИА (од каде како директор ќе го набрка Драган Антон), а Тања Милевска внуката на кодошот Мето Јовановски ќе ја отстрани од завчера добиеното вработување бриселски портпарол?
  2. Ќе го прекрсти автопатот и аеродромот во Александар Македонски (Велики) и веднага ќе ги врати таблите и буквите?
  3. Ќе ги врати Ќосето и Сарафов на местата (на истите места) каде што си беа поставени?

 

Јасно е дека за “новата“ власт што би дошла имам стотици вакви прашања од типот дали во зандана ќе завршат министрите какви што се “Бруто Нето Данска“ заради задолжување и пљачка, “интелектуалците“ како Миро Талибан Грчев заради говор на омраза и нецивилизарни дејанија спротивни на современа цивилизација и култура, Никола Димитров заради велепредавсто и така натаму, и така натаму….

Но, еве за почеток на овие три погорни прости прашања дали може од “проверениот извор“ да го знаеме одговорот. Секако брате Амдуш, ако ти или било кој друг што ја има оваа информација за “Пада влада“ би можеле да ми одговорите, откако ќе го препрашате “проверениот извор“, би бил благодарен. Бидејки тие одговори ќе ги евиденторам, ќе ги очекувам, ќе ги пофалам ако се остварат, а ќе ги трљам од носот на оние што ветиле ако не се остварат.

Значи: Бобан, Александар и Андон Лазов? По тој ред.

 

М. Неделковски