Навистина беше во право Владо Јовановски извикувајки “Ах, моја чудесна Македонија“!
До толку е “чудесна“, што чудесата се такви да веќе не се знае кој е кој, што е што, и чиво е чиво?
Примери? Колку сакаш:
- Чива е телевизијата Канал 5? На Емил Стојменов и фамилијата Стојменови или на Вања Гавриловски?
- Чива е Алфа ТВ? На некој си анонимен маџар или на Сашо Мијалков, ко што тврди еден актуелен потпретседател на партијата.
- На кого е Нова ТВ? На Сеад Кочан или на Никола Груевски, како што тврди истиот гореспоменат потпредседател?
- На кого му припаѓа Владата на Република Македонија? На Заев и СДС, на Сорос и Милчин, на шиптарите или на Џес Бејли?
- Кој е актуелен премиер на Р. Македонија? Заев или Бејли?
- Кој е на власт во ВМРО ДПМНЕ? Христјан Мицковски, Гроф Монте Карло или Џеси Бенгази-да-ти-се-деси?
- Чив претседател е Хорхе Иванов? На Македонија или на корејската пицајзла Хој Ји?
- Чија е МПЦ: Бугарска, српска, наша, ничија…?
- Чив е Мериот хотелот во центарот на Скопје? На Алек Теранова, ли е?
- Чива е 24 Вест телевизијата? На Вице, на Роби или на бившите вработени на Велија?
- Чива ќе биде, кој ќе ја купи Нова ТВ? Велија, Каракачанов, сопствениците на Казандол рудникот, Гаврилов од Канал 77?
- Чива е НВО Стоп Операција Сорос? На Цветин ли е?
- Чив е “Мермерниот комбинат“ (име според заменик ген-секот на ДПНЕ Богојевски)? На ВРО ДПНЕ, на Хари Костов, на Комерцијална банка или на гроф Монте Карло?
- Чии се говорите што на идиот камера ги читаат, глумејки дека се паметни па говорат “во живо“ и “во камера“ во Мермерната палата? На Дарко Костовски, Игор Божиновски, Тони Коњановски, Драган Данев, Александар Нацев, Христијан Мицковски, Митко Јанчев…, или се на Иво Котевски?
- Чива е Македонија? Наша или нивна?