Зошто критикувам и ќе критикувам силно?! Заради историјата, едноставно не сакам да се повторат грешките кое беа направени во минатото. Некои работи мора да се спречат на самиот почеток, направивме грешки во 2004 и 2005 година кога попуштивме за некои одлуки и кадровски решенија на Груевски кој тогаш беше на почетокот на владеењето со партијата. Попуштивме тогаш и видовме што се случи и каде сме сега?! За илустрација ќе ви дадам еден пример: Пролета 2005 година на 2 дена пред истекот на рокот за доставување на кандидати за градоначалници и листи за советници во тогаш новата општина Аеродром одекна веста дека ВМРО-ДПМНЕ ке искочи со Кирил Тодоровски како кандидат. Во тоа време јас бев потпретседател на УМС Аеродром, член на Градскиот комитет на УМС, член на Централниот комитет на УМС, член на општинскиот комитет Аеродром, и на веќе оформената листа на кандидати за советници во Аеродром на добитно место. Но небитно тоа, целото раководство на општинскиот и целото членство беше во шок, бидејќи знаевме за каков човек се работи, кој нема никаква подршка од базата, на претходните гласања во општинскиот од 14 месни комитети, 13 гласаа против него и еден комитет воздржан (и неговиот матичен комитет не гласаше за него). Побаравме итна средба кај Претседателот Груевски, решивме да се бунтуваме, кај него отиде комплетното раководство на партијата во Аеродром, и УМС, И Унија на жени, и претседатели на месни комитети, буквално сите. Разговорот почна многу напнато, неговиот првичен став беше дека анкетите кажувале дека ќе се изгубел Аеродром па не било битно кој ќе бидел кандидат, но ние знаевме дека Аеродром ќе го добиеме, секојдневно бевме на терен, го гледавме расположението на луѓето, знаевме дека ќе биде тесно но дека ќе победиме, и затоа беше понудена комплетна оставка на сите партиски функции од сите доколку ги изгубиме изборите, си одиме сите во пакет, само да не е Кирил кандидат. Кога виде дека не се шалиме ја смени тезата, па ни објасни дека веќе било доцна, дека веќе поминал како кандидат на централен и дека он не можел да ја смени одлуката, што секако не беше така, бидејќи вечерта имаше закажано нов централен на кој можеше да се промени одлуката. Расправиите продолжија, но на крајот залудно, Кирил остана кандидат, а ние како овци ја истеравме кампањата безпоштедно и го направивме Кирил градоначалник. Јасно ви е што се случуваше и како заврши Кирил, а после тоа имаше многу катастрофални кадровски решенија зошто ние не ја спречивме работата во корен, не ја сосековме во почеток, тоа ја донесе партијата на ова дереџе а и самиот Никола кој апсолутно НЕ заслужи да заврши вака, бидејќи по мене тој е најдобриот економски премиер на сите времиња во Македонија, но неговата кадровска политика беше многу лоша од не знам кои причини, дали е суета, инат или не знам што, но лоша! Затоа овој пат не смееме да дозволиме лоши кадровски решенија, мора да ги сосечеме во саммиот почеток на владеење на Мицковски, така ќе ја заштитиме партијата од лешинари, а на крајот уствари ќе го заштитиме него лично најмногу, ќе го заштитиме од лешинарите кои за неколку години ќе му го загорчат животот на него!!!
Златко Трпевски ГОРД член на ВМРО-ДПМНЕ веќе 22 години..
Златко ТРПЕВСКИ
