Во текот на минатата недела на прием кај новиот Генерлаен секретар на ВРО ДПНЕ Игор Јанушев биле првиот човек на ветераните на партијата Мане Јаковлевски и првиот човек на СМК Тодор Петров.
Барале поддршка за протестот што ќе се оддржи на 27-ми февруари во Скопје. Биле одбиени со образложение дека тоа не е работа на партијата и не стојат зад таква иницијатва. И дека не смеат да бидат поистоветени со тие протести од страна на “странците“.
Второ, Јаковлевски и Петров побарале и финасиска помош за организација на митингот. И за тоа биле одбиени.
Па, како и лани со протестите на “Заедничка Македонија“ кога беа повикувани на народот да се придружат претседателот Груевски, секретарот Мицковски и другите високи раководители на партијата – еве и сега со овој митинг исто се поставува партијата во однос на народот. Народт на една, тие на спротивна страна.
Се‘ се чини дека партијата сеуште ја води Гроф МОНТЕ КАРЛО, иако веќе не е на чело на “внатрешната органзација“.
—————————————
За темите околу (1)фијаското (криминалот) со увозот на резервни делови за кинеските автобуси (Пешевски, Јанакиевски, Јанушев), (2)околу предавничкото однесување на советнците на ВРО ДПНЕ во советот на град Скопје (Маневски, Поповски, Галевски, Додовски…) и затоа што (3)не можат да ги пополнат комисиите во партијата – во друга пригода. Темата ќе се вика ЕВЕ ЗАТОА МОЛЧИТЕ.