Талибанци

Талибанци
  1. Денес 22. февруари, во раните утрински часови, рушителите егзекуторски го симнаа Ќосето од пред судовите и го однесоа во непознат правец.

Арамиски, тивко, во глувата доба од ноќта го симнаа симболот на Македонската пркос, на Македонскиот непокор со дума дека ако така крадешкум го однесат народот нема да види или отпорот помалку ќе се чуе.

Думата им е да ја сотрат и разоружаат Македонската патриотска енергија.

Почнаа од Ќосето, тој најмногу им сметаше, бидејќи ги потсетува на тоа што тие не се, и никогаш нема да бидат.

Ќосето им бодеше очи бидејќи ниту разбрале, ниту некогаш ќе разберат што значат неговите зборови за Македонија.

“ЈАС НЕ СЛУЖАМ НИКОМУ. Јас не сум санданист, ниту сарафист, ниту делчевист, јас не служам на личности, ЈАС И СЛУЖАМ НА МАКЕДОНИЈА”.

Како да ги разберат овие зборови пустите вечни слуги продадени на амбасадорите, на странците, на туѓите дворови?

  • Огледалото на Фројд ги повикува да рушат, да вадат, да сотрат, оти така полесно ќе им биде, така подобро ќе се чувствуваат во своите души предавнички, подобро ќе си спијат и сонуваат за успехот на измеќарските им работи!
  • Т. Каракамишева