Контрапродуктивна е неконтролираната емисија на славодобитност за постапки и настани кои по ниту еден криериум не се славодобитни. Билдањето на аура околу ликови и случувања со помош на социјалните мрежи и статуси на интелектуални инвалиди е понижувачко за “обичниот“ народ кого разно-разните центри за комуникации го сметат за тесто што може да се меси.
За две работи ќе ми е текстов. ПРВО, пуштањето на притворените од Шутка е ДЕЛУМНО. Да не заборавиме, внатре се сеуште неоколкумина пратеници на импотентната ВРО ДПНЕ, внатре е Владо Јовановски – артист и внатре се браќата Горан, Југ и подоста други патриоти од разни МПЗ-а. Згора на тоа, пуштањето не е никаква правна битка што е добиена во однос на обвинетите, ами е само нивна зголемена комоција (топол, дом, туш, интернет, фамилија, готвено јадење…). За жал, обвиненијата против нив ОСТАНУВААТ, па тие и понатаму, сега од дома а не од Шутка, се сочуваат со истата политичко-судската монтировка каде им се готви “десетче со кромид“ (долгогодишна затворска казна). Сите тие, во очите на обвинителството, фашистичката власт на Заев и странките амбасади на “сериозните држави“ (кованица на Никола Поповски) се и понатаму терористи, криминалци, рушители на демократијата и ПУЧИСТИ.
За оваа работа, за нивното неправедно гонење, нема никаква реакција од единствениот правно-општествен субјект што тоа може да го направи – од ВРО ДПНЕ.
Па така, за што се статусите издигнати до ниво како да се Ченто, Борис или Бетмен ослободени од обвинение?! За жал, некој, еве јас, треба да ја каже вистината, а не да има занесување: Нивните злопатења по судските ходници што ќе траат намалку една деценија се на самиот почеток. Нема тука простор за славење, ами мора веднаш да има енергична борба против окупаторот на оваа држава.
ВТОРО, ми се смачи од нивото на величење преку дупеувлекување заради настапот на Христијан Мицковски на локално телевизииче кај новинари кои секогаш биле во “Ш“ класата во оваа професија. Сублимирано во постот на порталот Курир http://kurir.mk/makedonija/vesti/dinamichen-i-dominanten-nastap-na-mickoski/ може да се видат луѓето што со исти зборови, исти реченици и исти констатации – во ист стил на пишување, оној на Иво Котевски, дозволие својот скромен персоналитет и интегритет да го отстапат на располагање на еден човек, па неговите текстови да ги копипастираат како свои.
Непријатно е да се гледа колку луѓе што себе си се замислуваат за интелектуалци или новинари можат толку ниско да се спуштат и бламираат, па да потпишуваат туги текстови.
За мене, мое мислење, настапот на Христијан Мицковски во таа телевизиска емисија, исто како и неговото интервју за Вечер истиот ден, беше исплакнат, млитав, без став за ниту едно важно прашање, калкулантски и НЕ ЛИДЕРСКИ.
На пример, што значи неговата изјава: “Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на името“? Значи ли ако не се менува уставот, ќе поддржи промена на името?!
Натаму, што значи “27-ми беше патриотски чин“, кога неговиот предходник на 28 пред мугри повика на апсење, судење и осудување на истите тие патриоти. А и Мицковски и неговото најблиско опкружување и натаму се со истата идеа.
Може точка по точка, одговор по одговор да го анализирам, ама тоа ќе ми однесе драгоцено време, кое подобро ќе си го искористам утрово, како и секое утро, да сркнам кафе со мојот режисер Владо Младеновски.
На овие две работи накалемана е уште една “славодобитна“ ствар, а тоа е дека Ѓорѓе Иванов бил со сите почести примен кај Ердоган. Тоа е точно, но и Заев, во ист ден, беше со сите почести примен кај Ангела Меркел. Тоа ниту Заев го прави нешто повеќе од што е – црпнат абдал од нива, ниту пак Хорхета го става повисоко на скалата на која е – односно фикус.
Уште еднаш, нема никаква радост и триумфализам во менувањето на локацијата на притворот, од прошетката на Хорхе до Анкара и од очекуваниот млитав настап на Мицковски.
Зошто?
Затоа што останува нејасно:
- Колку, како и кога матичната партија ВРО ДПНЕ се бори за укинување на постапката на Обвинтелството против патриотите?
- Каде се гаранциите што требаше да ги употреби Хорхе?
- Кои се ставовите на Мицкоски за името, полтичкиот противник, притворените, имизменувањето на аеродромот и автопатот, догворот со Бугарија, двојазичноста, блокадата на Собранието?
Јас, а верувам ги има подоста како мене, не можам да се одушевувам и да го дигам во небеса новиот лидер кој менува мислење околу блокадата на Собранието во само 30 дена, кој не реагира на менувањето на името на аеродромот и автопатот, кој мирно дреме додека споменикот на Ќосето илегално преку ноќ го отстрануваат… Се сеќавате ли што правеа соросовите орди и СДС кога бившата власт преку ноќ ќе сечеше дрва кај Бристол?! А еве гледате како реагира сегашнава опозиција додека Шилегов им се посерува на се што направиле!!!
Нема да има моја поддршка (колку и да е таа значајна или апсолутно незначајна) таков лидер на опозиција кого народот го повикува да се појави (заедно со својот предходник) на протестите на 27-ми февруари, во вторник – а овој дреме и молчи. Исто како и за отстранување на Ќосето, притворањето на патриотите, блокадата на Собранието, менувањето на имињата, договорот со Бугарија, дејствувањето на бугарофилите во МПЦ…
Ќосето, иконата на ВМРО е отстранета синојка, а ВРО ДПНЕ е скриена по канцелариите низ палатата каде сеуште плата не поделиле!!!
Чиста провокација и создавање на алиби за примена на сила на 27 Февруари.Провоцираат РАДИКАЛИЗАМ бидејки не им оди според планираното со промената на името и понижувањето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Posted by Borislav Stoilkovic on Mittwoch, 21. Februar 2018
За жал, фактите говорат токму спротивно од славодбитните ФБ статуси на кариеристите од партијата која носи толку славно име.
Мицкоски од се што “успеа“ да направи, може да се заклучи дека единствено ја инкорпорираше во партијата про-бејлиевската политичка структура на длабоката држава преку вметнувањето на “Реформаторите“ на високи функции во своте редови. “Изнајмените“ станаа руководство.
Па ете, наместо реформаторите да се “срамат додека се живи“ – ВРО ДПНЕ, Мицкоски и Груевски ќе се срамат додека се живи.
На крај, останува мојот заклучок пишан во една од јануарските колумни, дека Мицкоски и неговите Ѓорчев и Николовски се одбраните играчи да ја одиграат улогата на Заев во ВРО ДПНЕ. И, токму затоа, со загарантиран “сет“ на прашања, и без реплики и додатни потпрашања шетаат по телевзиите и емисиите што беа декларирани како политички спротиставени.
Во основа, сите тие дуваат во иста шупелка и изработуваат агенда за ист робовладател. Тие се на иста страна, а глумат дека се спротиставени.
За нивна жал, МАКЕДОНСКИОТ народ тоа го има разбрано и во однос на тоа се има јасно поставено.
Одговорот на народот кон погубните политки на ВРО ДПНЕ и кон расспродавањето на националните вредности на државата и народот од страна на СДС ќе се види на 27-ми Февруари.
СДС и ВРО ДПНЕ прават се за да го минимизираат тој ивент (инфилтрираат свои “интелектуалци“, групи, луѓе), но на овој народ му е прекипено од вашингтонски пицајзли и бриселски чирови.
И, да си знаете: Вас и вашето фамилијарно име ќе биде запаметено како синоним на предавство на Македонија и Македонскиот народ.