Во “сетот“ идеи што граѓанството му ги дава на Петре Испичутура после интергалактичкото (израз на Б. Героски) пуштање на нова (а стара) автобуска постојка ги издвојувам оние:
- Кенан да се врател на Плоштад.
- Меѓуградска да се врат кај црквата Св. Димитрија.
- “Селската“ да се врати карши Гранд хотел.
Инспириран, еве и јас Миленко Неделковски, да дадам неколку идеички:
- Холидеј Ин да се преименува по старо во Гранд Хотел.
- Бест Вестерн во хотел Турист.
- ТЦЦ Плаза на Стојменови да си го врати најстарото име Беко.
- Да се возобноват подземните клозети карши Пивница (не ме интересира што е таму сега Мериот).
- Да се отворат клозетите под мостот Гоце Делчев.
- Саво Педерот пак да ја отвори кафаната што беше карши “Цреша“.
- Да се отвори “Кошот кај Рамче“.
- Да се отвори сендвичарата Камел.
- Да се отвори кафаната “Кај Чоче“ во Дом на Градежниците.
- Да станат од гроб Почу и Јоле.
- Да се врати старото игралиште на КК Вардар со популарното име Гуец.
- Уранија да си го врати старото име Тениско, и да му се врати на Славе Биљбиљ.
- На Јанко Илковски да му се врати клупчето Алпино.
- На Соме да му се даде дискотека.
- Мене да ми се врати Бинго Вардар.
- Да се отворат дискотеките Таверна, Турист и Мусандра.
- Свирка во Олимписко да прави групата Пу.
Можам и понатака. Ама нема толку долг мандат да има.