Испраќам неколку полезни податоци (најмногу според грчката наука) до нашите кои имаат задолжение да го решат гордиевиот јазол кој Александар го решил не многу одамна (пред околу 24 века).Се што е цитирано подолу Александар го знаел (го знаел и Филип) и знаел и за оваа 2,4 вековна расправа именувана СПОР ОКОЛУ ИМЕТО Грција !
Џон Какридис во книгата „Древните Грци и грците во времето на војната за независност„ издание БАЛКАНСКИ СТУДИИ-Солун 1963 пишува-
Интелектуале цот Кумас во неговото дело издадено на почетокот на 19 век „Историја на човековите настани“ опишува средба со еден познат ајдук по име Никоцарас.Сакајки да мудаде комплимент тој го споредува со античкиот јунак Ахил.Ајдукот Никоцарас наместо да се заблагодари на комплиментот се навредил-„Какви глупости зборуваш?Кој ти е тој Ахил?Дали тој може како мене да убие толку непријатели со своето оружје?“
Според истиот автор во истото дело на стр 255
„Еден од најголемите грчки поети Костас Паламас тврди дека името Елини е заборавено и дека анкетиртанитре во 19 век сметале дека вистинското име на народот е Ромеи“
******
Според Томас Галант ,дело „Модерна Грција“,Лондон 2001 на страна 68,пред војната за независност од 19 век грците немале национална свест,а уште повеке свест дека се наследници на антички народ.Се идентификувале најмногу како Ромеи,христијани или според местото на живеење
******
Според Ричард Клог во рефератот „Грците и нивното минато“ на симпозиумот„Историчарите и создавачите на нациите во Централна и Јужна Европа“, издадена во Лондон 1988 на стр 23:
Патријархот Григориос Петти во 1819 издава енцикла со која им се забранува на поповите да покрсдтуваат новороденчиња на кои им се даваат антички имиња .Патријархот епредизвикан од појавата некои интелектуалци да почнуваат со таква навика и децата да ги крстат со нови имиња Темистокле,Перикле наместо традиционалните Јанис ,Јоргос,Павлос…
*******
Грчката историчарка Ели Скопетеа во делото „Узор краљевина и мегали идеа“,Белград 2005 стр 131 смета дека:
Баварската власт е таа која ги поврзува грците со антиката преку новиот образовен систем.
******
Трендафилу,Калони и Макракис „Нов грчки национализам“ на веб страната* Социолошки истражувања* тврдат дека:
Токму под регентството на принцот Отон започнува свртувањето кон антиката.Под негов налог грчката држава се зафатила со„Конструкција според која етничкото потекло на народот кој живее на територијата на неговото кралство е во далечната антика“
*******
Според Томас Галант воделото „Модерна Грција„ Лондон 2001
Атина не е главен град на првата воопшто историска грчка држава туку Навплион,поради фактот што во тоа мало пристаниште пристигнал првиот историски крал на Грција баварецот Отон заедно со троца регенти , кој и ја создал Грција и ја конструирал денешната грчка историја!
Според Јакоб Филип Фелмераер (автор на делото „Историјата на Пелопонез“ објавено во 1830година),современите Грци немаат врска со античките туку се смеша на староседелците .Неговата анализа на топонимијата на Пелопонез покажува дека имињата на местата на ова најјужно полуострво на Грција се словенски!Тогашната грчка власт не реагира на оваа книга.Реакциите се појавуваат дури по седум генерации завршени воспитаници на новиот отонов образовен систем,во 1860 година!
*******
Според В.Карик во делото „Србија и балканскиот сојуз“ издадена во Белград 1893 на стр 59
„Карл Крумбахер кон крајот на 19 век прашал еден грчки интелектуалец дали зборува грчки.Младиот соговорник одговорил дека не знае за таков јазик и дека тој самиот не зборува грчки јазик“
******
Според делото „Цивилизацијата на проверка “ објавено 1952 година од прочуениот антрополог Арнолд Тојнби населението на нашиот јужен сосед и во 20 век себе си се идентификувало како Ромеи.
******
Според Томас Галант во делото „Модерна Грција“ објавено во Лондон 2001 на страна 68 и стр 72
„Пред војната за независност од 19 век во Грција не постои национална свест,а уште повеке свест дека современите грци се наследници на античките!Народот се идентификувал како член на Рум милетот,како христијанин или како припадник на локалната селска заедница.“
Отон првиот грчки крал започнува со погрчувањето преку образовниот систем,имено „сите национални или етнички ентитети морале секогаш кога ке се појави потреба да се повикаат на античкото минато за да се даде педигре и легитимитет на идејата за заедничко потекло во антиката“.
Според Лоринг Денфорт во делото „Македонскиот конфликт“ издадено во Скопје 1996 на стр 41
Грчката држава од самиот почеток на создавањето започнала да обрнува посебно внимание на античкото минато.Но тоа некој требало да го спроведе и реализира.Таа задача е дадена на некои интелектуалци:„Интелектуалците од дисциплините историја,лингвистика,археологија,литература и фолклор создаваат симболичен капитал од кој се формира новата национална култура.Потоа оваа национална култура преку образовниот систем се шири мегу граганите на новата држава.На овој начин се создава еднонационален канон.Овој симболичен канон служи да го легитимира постоењето на нацијата и служи да ги засили барањата за специфичен идентитет.“
*********
Според грчката историчарка Ели Скопетеа во делото„Примерок кралство и мегали идејата“,Белград 2005,стр 131
Античките празници не постојат во Грција во 19 век,а народот не знае за нивното постоење се додека еден грчки политичар со име Јоанис Клеантес не почнува да говори за тоа.
******
Според Виктор Рудометоф во написот за списанието *Источно Европски четиримесечник* бр4 од 1999,под наслов„Измислени традиции,симболични граници и националниот идентитет на југоисточна Европа“:
Во периодот 1794-1848 најмалку 14 грчки интелектуалци мегу кои Адамантиос Кораис- инвенторот на грчката азбука и јазик,Константинос Схинас,првиот ректор на атинскиот универзитет,Николаос Сариполис познат интелектуалец,Панајотис Кордикас,Александрос Суцос,Георгиос Козакис-Типладос,Јаковос Розос-Неропулос и други сметале дека Македонците не се дел од античкиот грчки свет.