МИЛЕНКО НЕДЕЛЕКОВСКИ МАКЕДОНСКИ

МИЛЕНКО НЕДЕЛЕКОВСКИ МАКЕДОНСКИ

“Ја јесам мали човек са радијаали не палим се и не гасим на дугме“ – Душко Радовиќ.

 

Жалам што ќе морам да констатирам, и новинарски “величини“ да разочарам, ама стигна уште една потврда дека Миленко Неделковски е единствениот жив дисидент во Република Македонија.

И покрај тоа што многу автори, новинари, режисери, колумнист,  водители, текстописци…, би сакале да бидат забранувани како Душко Радовиќ, Линдон Ла Руш, Тјери Маисон, Ноам Чомски, Бато Ченгич, Пуриша Ѓорѓевиќ, Душан Макавејев…, сепак Миленко Неделковски е најзабрануваниот и нај“титканиот“ автор во 6-те децении телевизија во Македонија.

А, зошто? Затоа што е спротиставен на Соросовиот аждер, американското влијание на “длабоката држава“ и европскиот фашизам.

И покрај тоа што лепат етикети дека си “нивен“, а не “наш“, без разлика дали нивните или нашите се на власт или опозиција, забранувањата на текстови во Фокус, Вечер и Публика, забранување и отстранување емисии и коментари од РТС (Телевизија Скопје, сегашна МРТВ), А1, Канал 5, Радио Слободна Македонија а еве сега и Алфа – си се реди едно по друго. Куриозитет е дека единствено “Форум“ на Сашо Орданоски и Ѓунер Исмаил не ми забранил ниту прешкртал некој текст. Но “Форум“ на Слободан Чашуле и Игор Лештар  прво што направи е да ми отсрани колумна.

Едноставно, ВИСТИНАТА БОЛИ и не им одговара на властодршците. Сите “аргументи“ од типот “он е нивен“ или слично, паѓаат во вода со самиот податок дека во времето на секоја власт, “наша“ или “нивна“, моите емисии, ставови, тези и гости НЕ ИМ ОДГОВАРААТ ниту на левите ниту на десните. Ниту на амбасадорите од западните “демократии“.

Едноставно, ниту еден политичар не сака да чуе што народот мисли и порачува.

При моето “враќање“ на ТВ екраните во рамките на 13-тата сезона (2017/2018) на Миленко Неделковски Шоу на фрекфенцијата на Алфа, од сопствениците на телевизијата (најголемата опозициона партија) ми беше предочено “прави што ќе правиш, МИРКА ВЕЛИНОВСКА НЕ СМЕЕШ ДА ЈА ДОНЕСЕШ ВО ЕМИСИЈА“. Мирка мораше да биде избришана од меморијата на Македонскиот народ. Мораше да биде отстранета од било каков контакт со народните маси, а по желба на странскиот окупатор. Желба што домашните колабрационисти и од СДС и од ВРО ДПНЕ со големо задоволство и сампорегор им ја исполнуваа.

И, се виде јас колку ги “послушав“! Бидејки јас имам само еден “газда“, покрај Господ, а тоа е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. И не дозволувам да му биде одземен на тој народ последниот зрак на надеж.

Мирка беше минатата сабота три часа пред Македонската публика со помош на мојата емисија, која ете ќе биде и моја последна на Алфа. Емисијата и настапот на Мирка вредеше повеќе од сите следни сезони во кои би можел да имам емисија на таа телевизија. Денеска попладне менаџментот на телевизијата, бидејки “сопственикот“ немаше кохонес, ми соопшти дека емисијата нема да може да оди повеќе на таа фрекфенција. И дека мојата готова емисија, што требаше да оди утре вечер, исто така е забранета заради пре тешките квалификации што се во неа кажани. Таа емисија, за утре де, е апгрејт на онаа со Мирка. И, знам, многу боли. Мнооогу.

Вредно е да се дообјасни дека кога ја снимавме утрешната емисија во четвртокот наутро, на мојата екипа во состав: Владо Младеоновски, Дени Младеновски и Славица Трпковска им реков “друштво, оваа нема да ја пуштат“.

А, си мислам, секое зло за добро! И за мене и за мојата публика. Наместо една емисија оваа пролет со Мирка Велиновска, ќе снимам  3-4. Наместо ниту една со Бобан Нонковиќ, ќе снима со него најмалку две. Па онака, Јутјубски да ги отвориме сите теми. Да има општо разгологазување “а ла Мирка“ и пердашење “а ла Бобан“.

А емисијата што требаше да оди утре вечер, ама е ЗАБРАНЕТА, за Влатко Ѓорчев, Александар Николовски, Христијан Мицковски и Никола Груевски ќе ја поставам утре навечер на мојот Ју тјуб канал, на моите ФБ страници и на Дудинка.

Филинг мотивејтид, на педер-ден 2018-та,

 

Миленко Неделковски