Бобан НОНКОВИЌ – ретро текст (3)

Бобан НОНКОВИЌ - ретро текст (3)
Boban Nonkovik is feeling sad.

Сега го прочитав своерачно напишаниот политички епитаф на екс-вицепремиерот Владимир Пешевски-Хипо.

(https://m.mkd.mk/…/peshevski-se-povlekuva-od-politikata-ova…)

Е, сега, кој и што сака нека каже, ама претседателот Ѓорге Иванов излезе најголем визионер во однос на сите актери на македонската политичка сцена, а во однос на давањето на масовна аболиција за сите под истрага на СЈО, дадена на 12. април 2016 година!

Иванов тогаш кажа една реченица која го детерминира срцето на проблемот и идните политичко-општествени случувања, за чие дејствие сме сведоци и деновиве со сѐ што се случува во Македонија, а со единствена цел:

– Доаѓаат месеци и години кога политичарите, независно кој од нив се на власт, а кој во опозиција ќе се занимаваат со сериозни и стратешки важни одлуки за државата, нацијата и идентитетот и јас не сакам да дозволам ниту оние кои ќе бидат во власта, ниту оние кои ќе бидат во опозицијата, да носат одлуки, а да се истовремено оптоварени и под личен притисок од можноста неправично да бидат уценети, да се соочени со лична закана за својата слобода, чест и углед, иднина или каква било уцена од некој надворешен или внатрешен фактор. Можеби и токму заради таква цел, некој ја предизвика и оваа ситуација. За да можe да влијае врз нив или дури можеби и да ги контролира нивните одлуки, се разбира пред сѐ во свој интерес.
(Иванов, 12 април 2016)

(http://president.mk/…/2011-06…/2011-07-19-10-40-39/3797.html)

Да се вратам на Пешевски.
Тој во своерачно напишаниот политички епитаф се изнапишал многу разумни совети (на кои, види мајката, не се сети да ги направи кога беше втор човек на македонската Влада и во врвот на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ), но според мене, целиот текст му е покривка за главната порака (дадена под уцена од затвор, а со желба да си го олесни судскиот процес, па и да се спаси!), а тоа е следново:

– Ќе започнам од најгорливото прашање, а тоа е процесот што следи во однос на преговорите за името на нашата држава. Треба да настојуваш да бидеме колку што е можно поактивно вклучени во овој процес, односно да не дозволиме да ни се сервира решение на принципот „земи или остави, со вас или без вас“. Иако е очекувано да опстоиме како партија на нашите традиционални цврсти позиции, сепак треба да бидеме мудри и да го препознаеме историскиот момент и шанса која се чини ни се укажува како земја. Да покажеме дека можеме да бидеме и ние дел од решението. Историјата ќе покаже дали можело овој проблем да се реши порано или подобро, но сега е многу поважно да се реши што поскоро.
(Пешевски, 15 декември 2017)

Едноставно, целото политичко-општествено миље во Македонија е под уцена за промената на името да се направи (повторувам: под уцена!) со широк политички консензус, со вклученост на сите политички чинители во државата (пред сѐ оние што имаат пратеници во Собранието), а со цел:

1. Името да се промени со едногласна одлука во парламентот.

– Организирање на референдум е преголема опасност за сценаристот (случај Брегзит и изборот на Трам за претседател на САД), бидејќи во таков случај ќе биде потребно референдумот да биде успешен, а тоа значи да се надмине цензусот од 50% плус еден глас, односно излезност на најмалку 900 илјади граѓани на референдумот, што е речиси невозможно да се изведе!.

2. Колективна политичко-историска одговорност на сите актуелни политички чинители во Македонија.

– Со цел, едноставно да нема виновник што актуелниот политички виор ќе го оддува од политичката сцена поради таквата одлука, кого во таков случај историјата високо ќе го истакне на столбот на срамот поради таквото историски најголемо национално предавство!

Па, така, вакви или слични пораки/изјави/ФБ статуси на (до неодамна) актуелни политичари, дадени под закана од долгогодишна робија за процесите диригирани од обвиненијата на СЈО ќе имаме уште многу во периодов што претстои, бидејќи е сѐ подготвено за многу (многу!) наскоро да се промени името на Република Македонија, а со него и идентитетот, јазикот, традицијата, фолклорот и историјата на Македонците! 

Во оваа насока ќе се движи и Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на новиот претседател, раководство, Извршен и Централен комитет на партијата, да не се лажеме!

Колку и да звучи дефетистички, за жал не нѐ очекува поинаков епилог!

#ЈасСумРоденКакоМакедонец
#ИќеУмрамКакоМакедонец
и за мене е #МакедонијаВечна

https://www.mkd.mk/makedonija/partii/peshevski-se-povlekuva-od-politikata-ova-beshe-skapa-lekcija-za-mene