После скандалозните тврдења на:
- Христијан Мицковски како гостин на грчката телевизија АНТ1 каде експлицитно го поддржува ПРОМЕНА НА ИМЕТО велејки: “но истовремено ги охрабруваме да најдат решение, соодветно достоинствено решение, кое би можело да биде адекватно за националните интереси на двете држави, по што Македонија би станала членка на НАТО и ЕУ, што е и наша цел, на крајот на целиов овој процес“. Најпримерено би било да не прекрстат во Република Македонија Адекватна, или Република Македонија Достонствена!!!
2. Александар Николовски со виткање кичма и извинување за порталче и интернет телевизииче и во емисија на синот на кодошот Мето Јовановски, Борјан.
Велам, после овие два PR скандали на највисокто раководство на освеженото ВМРО ДПМНЕ, забиберено со сознанието дека по инсистирање на Миле Јанакиевски, негов кадар е инкорпориран во ИК на Мицковски, а тој кадар да ти бил долгогодишен платеник и кодош на тајната полиција – за комплетно да се изедначат ВРО ДПНЕ со СДС останува уште да дочекаме изјава од лидерот на опозицијата, онаква како на Заев, дека “На ДПНЕ не и личи да биде патриотска партија“. Дека “згрешиле со бранителите“, партијата се декларираше преку настапот на поранешниот лидер уште во раните утрински часови на 28-ми април, по враќањето од Виена.
МН
23.01.18
ПС
За тврдењата на Николовски дека “руското влијание го попречувало нашиот влез во НАТО“, каде потпретседателот користи иста теза како и потпретседателката на СДС, ќе расправаме при гостувањето на Николовски во емисијата “Миленко Неделковски Шоу“.