КОМУ СМЕТА ДИЈАСПОРАТА
На власта и на опозицијата затоа што ја раскажува и ја брани вистината за Македонија.
На скромноумните што ја поддржуваат власта, а сѐ повеќе и на скромноумните што ја поддржуваат така наречената опозиција.
И едните и другите се сретнуваа со најпримитивниот и најнеобразуван сегмент на дијаспората. Потоа објавуваа дека добиле поддршка од дијаспората и се враќаа дома од “успешните средби”.
Деновиве, власта, опозицијата и црквата, Македонија и интересите на Македонецот ги ставија на продажба за задоволување на личниот интерес.
Дијаспората, онаа другата со која властодршците не се сретнуваа, а која има јасно дефиниран став и визија за Македонија, им засмета и почнаа да ја плукаат.
Им смета на луѓе, независно дали се власт или опозиција, кои живеат во бара, хоризонтот им е ивицата на барата и се чувствуваат убаво и значајно во жабокречината.
На тие луѓе, времето за учење им поминало, а генетиката е немилосрдна. Ти дава само онолку колку што можеш да наследиш од истите што ти даваат воспитување и едукација.
Круг на беда на умот од кој тие не можат да излезат, но круг на беда на умот и на луѓе од кои Македонија мора да се ослободи.