Зора СЛАВЈАНСКИ

Зора СЛАВЈАНСКИ

Често ме прашуваат дали Русија ќе ни помогне?

Нема да ни помогне, ако ние самите не си помогнеме.
Ако ние самите како Македонци не пораснеме еднаш, не почнеме да ги согледуваме работите и тоа најосновните дека светот има 4 страни а не само една западната.
Дека САД воведоа санкции кон Русија ама увезуваат ракетни мотори за својата вселенска програма.
Дека на Британците пред некоја недела кога им стана ладно увезоа руски гас.
Дека Германците градат 2 гасовод од Русија, 2 северен ток.

Како да ви помогне Русија кога си извршивте државен удар токму поради кинеските инвестициски фондови и рускиот јужен ток кој носеше дупло поефтина цена на еколошки енергенс и милионски суми од транзит. Зарем тоа не е помош ?
А вие, демагогија западна од која на народот македонски 27 години забите му попаѓаа?
Како да ви помогне Русија кога се напаливте како млади демократски мајмуни на Шарена револуција ?
Како да ви помогне Русија каде во 6 месеци имате 1 милијарда евра задолжувања со 0 проекти, односно 3 крупни антимакедонски проекти, Тиранската и Бугарската платформа и промена на име и 100 луѓе на улица кои протестираат.
Вие ќе менувата ИМЕ, нешто што е натопено со крв на генерации низ милениумите, не низ годините, Русија да го брани тоа име ?
Во Македонија најсилно е АНТИМАКЕДОНСКОТО дејствување и се додека е така никој неможе да ни помогне.